Сите сме свесни дека најдобрата инвестиција што можеш да ја направиш за да достигнеш кариера е да вложиш многу работа и труд. Но ако сакаш да пливаш со големите риби, има уште неколку работи во кои вреди да инвестираш.
Во листата која нашиот тим ја состави од инвестиции кои со текот на времето сме сфатиле дека се неизбежни фали една многу важна – никогаш не заборавај да направиш одмор. Можеби звучи смешно и наивно, но највредните луѓе кои ги познаваме многу често го ставаат на ризик своето здравје, енергија и среќа затоа што мислат дека не треба, не заслужуваат или едноставно не постигнуваат да направат пауза која ќе им ги наполни батериите.
Продолжи да скролаш за да ја разгледаш листата од пет работи на кои вреди да потрошиш дел од твоите тешко заработени пари.
Квалитетен хардвер
Инвестирај во издржлив компјутер, мобилен телефон на кој можеш да се потпреш и квалитетен, брз интернет. Една од најважните, воедно и најицрпувачките страни, на денешното работење е неопходноста да се биде постојано достапен. Ако сакаш да изградиш добра кариера – тогаш сакаш брзо да одговараш на мејлови и секогаш да бидеш достапен за твоите клиенти.
Соодветна, моќна гардероба
Никогаш не го заборавај старото добро – облекувај се за работата која ја посакуваш, не за онаа која ја имаш. Иако се чини како времето на официјален дрес код да е при крај, квалитетно сако, добра работна торба и удобни, но професионални кондури во најмала рака ќе направат да се чувствуваш помоќно и самоуверено – што е најважно. Нема потреба од огромна стартна инвестиција, почни парче по парче и планирај стратегиски. На крајот целта е да поседуваш гардероба која ќе направи да изгледаш како директор, иако сè уште не си.
Членство во теретана
Активен живот му помага на твојот мозок да резонира под полна пареа. Моментот кога ќе преземеш контрола врз начинот на кој живееш и изгледаш, веднаш ќе ти биде полесно да го направиш истото и за бизнис аспектот од твојот живот. Од друга страна, ќе изгледаш добро, а не како некој кој наместо да се грижи за својот изглед и здравје го поминува целиот ден пред ТВ.
Домашна библиотека
На прашањето за кои се најголемите бенефити за неговите деца од тоа што е неверојатно богат, Bill Gates одговорил – библиотеките кои им ги купувам. Не е случајност, и Bill не се труди да звучи паметно, туку знае дека за да бидеш успешен и паметен не смееш никогаш да престанеш да учиш. Кога ќе дознаеш за некој кој те восхитува или некој метод кој те заинтригирал, купи книга на темата. Една од најдобрите работи кај читањето книги е што го одржува твоето ниво на елковентност, додека те снабдува со информации на дадена тема.
Професионални курсеви
Надоврзувајќи се на претходниот совет, една од предностите денес е пристапноста до курсеви и материјали од секаков тип. Brainster постојано нуди курсеви на секакви теми, од дизајн до онлајн маркетинг и програмирање. Зашто нашиот тим оддамна сфати дека најдобар начин да научиш нешто е од најдобриот. Инвеситрај во курсот по Photoshop кој отсекогаш си сакал да го научиш. Ако не се потрудиш да ги засилиш своите вештини или да научиш нови, ризикуваш да изгубиш чекор со времето и да станеш ирелевантен.
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, како да направиш CV, работа, инвестиција.