Те фаќа трема од самата помисла на интервју за вработување?
Не знаеш од каде да започнеш со спремање на твоето CV?
Имаш лошо искуство на интервју и се плашиш одново да започнеш со пријавување за нова работа?
Јасно ни е, подготовката за барање на нова или прв работа знае да биде навистина тежок процес. Од првите чекори на склопување на CV, изборот како на само 1 страна да ги претставиш сите твои силни страни и целиот твој потенцијал, до подготовката за интервју, „вежбањето“ пред огледало и веројатно неспиење вечерта пред да се случи интервју…
Сите сме го поминале тоа, и верувај ни, навистина не е страшно. Сѐ што е потребно е добра, темелна подготовка. 🙂
За да ти го олесниме процесот на подготовка за интервју и интервјуирање, во најновиот BRAINCAST разговаравме со две експертки – Олгица Наумовска од интернационалната компанија HSO Global Services и Јана Тодоровска, лидер на нашиот Partnerships тим во Brainster, кој во изминатите 2 години вработи преку 900 студенти. Тие, заедно со домаќинот, нашиот CEO, Петар, споделија совети за секоја фаза од процесот на добивање на нова работа.
Слушни ги нивните препораки, испробани тактики и совети како да се подготвиш пред интервју, како да се покажеш во најдобро светло за време на интервјуто, и како да оставиш впечаток кој ќе трае дури и по завршувањето на состанокот. Погледни ги нивните совети што мораш и што никако не смееш да направиш во процесот на апликација и интервјуирање за вработување.
За да ги имаш секогаш при рака, советите ги комбиниравме во прирачник кој ќе те однесе до твојата посакувана кариерна патека оваа пролет. Можеш да го преземеш (а и споделиш 😊) од овој линк.
Ти посакуваме многу успех во твојата кариерна трансформација!
Прочитај повеќе корисни содржини од Brainster, тука.