Како да ги конвертираш луѓето кои не се запознаени со твојот продукт во твои потенцијални корисници. Успехот на AirBnB, Dropbox, Hotmail и многу други се должи на growth маркетинг, односно на користење мали трикови за побрз раст на бизнисот.
Growth маркетингот е процес преку кој се добиваат нови корисници со релативно мал буџет за маркетинг. Фокусот е на брз раст на бизнисот за релативно кратко време, преку виралност, генерирање на сообраќај на твојата веб страна, како и различни активности на социјалните медиуми.
Referral тактика како дел од growth маркетингот
AirBnB и Dropbox користат referral тактика за да добијат нови корисници. Referral значи тактика на препорака која ги мотивира корисниците да го препорачуваат продуктот затоа што добиваат бенефит од препораките кои ги даваат.
- AirBnb те известува кога некој од твоите пријатели од Facebook ќе се најави. Ако поканиш пријател да се најави, ќе добиеш 25 долари кои ќе можеш да ги употребиш за следното твое патување.
- Dropbox. Повеќе од сигурни сме дека веќе ги знаете нивните тактики за пораст на корисници. Тие едноставно те мотивираат да поканиш пријател да употребува Dropbox и за возврат добиваш дополнителен простор за употреба.
Зошто е важен Growth маркетингот?
Growth маркетингот помага да го задржиш вниманието на твојата целна публика. Овој тип на маркетинг се користи за долгорочен успех, опфаќа активности од целата маркетинг инка – од добивање на нови корисници, до задржување на истите. Најдоброто од сè? Овозможува брзо генерирање на лидови со минимален буџет.
Сакаш да дознаеш повеќе за growth маркетингот?
На 17.12 ќе се одржи Pop-Up работилница, на која инструкторот Петар Ниновски ќе сподели 5 growth маркетинг техники коишто ќе можеш да ги примениш во твојот бизнис. Еве што ќе научиш на работилницата:
✓ Ќе го научиш процесот на правење на Growth Маркетинг кампања. Ќе научиш кои алатки треба да ги користиш во различни фази од кампањата.
✓ Различни техники, совети и трикови кои се апликативни на специфични бизниси
✓ Како Brainster стигна до првите 3000 корисници со 0 буџет за маркетинг
✓ Како генериравме повеќе email адреси со една Growth Маркетинг кампања
✓ Концепт за како се создава и применува циклусот и инката на Growth Маркетинг – от
✓ Кои алатки да ги користиш и во кои ситуации
✓ Ќе изградиш моќна мрежа на луѓе со кои ќе можеш да соработуваш
✓ Како да изведеш брзо тестирање кое го оправдува донесувањето на бизнис одлуките
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: growth маркетинг, бизнис, pop up курс, брз раст, работилница, целна публика.