„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
https://www.youtube.com/watch?v=17L9dYbsjSg
Ви ја претставуваме BauBax јакната или најфинансираниот проект за облека во историјата на crowdfunding кампањите, кој успеа да собере неверојатни 9 милиони долари за само една година. Модерниот дизајн на јакната и други 15 функции кои ги нуди освен основната ќе направи да се чуствувате како агентот 007 кога одите на вашите патувања.
BauBax е повеќе од само една обична јакната. Во качулката има вградена перница, покривка и вградена маска за очи со што ќе направи спиењето да не биде проблем за вас додека патувате. Џебови се дизајнирани за определна намена, од оној во кој може да ставите лимнка со сок, наочари, пасош, клучеви, телефон, таблет, пренослив полнач, па се до преградата и држачот за слушалки, со што нема да има потреба да го разврзувате ”Гордиевиот јазол” по секое ваше патување.
Може да ве интересира:
- Како до компетитивна предност грижејќи се за клиентите – стартап алатка #8
- Дознајте каква интеракција имаат посетителите со вашата страна – маркетинг алатка #8
- Уловете го секој момент на камера – произовд на денот #7
Во ракавите на BauBax се вградени ракавици како дополнителна заштита од студот во најладниот период од годината. Покрај сето ова во јакната има и вградена микрофибер крпа, со која ќе може да ги избришете нечистотиите од вашите очила или од екранот на вашиот таблет. Најкул факт за оваа јакна е што патентот има двојна функција. Без грижи доколку не сте понеле со себе пенкало од дома затоа што токму тоа е втората функција на вашиот патент.
BauBax јакната е опремена со се што ви е потребно за едно патување, по достапна цена, а ја има и во вашата омилена боја. Единственото нешто што ќе треба вие да направите е да најдете причина да патувате, или само да излезете од дома.
Среќно
Brainster заедницата