Пред започнување на сопствен бизнис, отворање на online продавницата „Митра“ за која несомнено веќе имате слушнато, Александра Бела Белчева ја посетуваше Академијата за дигитален маркетинг со цел да го подобри процесот на водење и растење на нејзината компанија. Дипломирана на факултетот за Детективи и безбедност, реши да ја сврти својата кариера во сосема нов правец 🙂 Прочитајте за искуството на Академијата и како тоа и’ помогна со „Митра“.
Што е „Митра“? Раскажи ни на кратко.
На почетокот на 2019та година заедно со мојата многу добра пријателка и имењачка Александра, решивме да се впуштиме во еден сосема нов и непознат предизвик за нас и да ја основаме Митра. www.mitra.mk е нова неспецијализирана е продавница и како што ние „љубиме” да кажеме Митра е резултат на нашиот животен стил, базиран на љубов, заедништво, дружење и потреба за комуникација. Се работи за онлајн продавница, фокусирана на квалитетна понуда, едноставно и брзо плаќање, надградено со експресна достава со еко-пријателски возила.
Каде се вклопи Brainster во целата оваа приказна? Како дозна и се реши да се запишеш на Академијата?
Како што ја градевме приказната на „Митра“, се соочувавме со различни предизвици и учевме многу нови работи кои до тогаш ни беа познати, но немавме никакво искуство и допир со истите. Се соочивме со многу нови поими, теми и во еден момент сфативме дека иако и двете сме биле во претходен допир со продажба и маркетинг, сепак со развојот на технологијата и науката, е-commerc-от и маркетингот кои нам ни се потребни за да ја развиваме нашата приказна, бара еден поинаков пристап во работата за која ние и немавме многу познавање.
За Brainster имав слушнато од една моја другарка која го посетуваше курсот за PR и беше супер задоволна. Баш во тоа време кога ние решивме дека треба да се надградиме за да можеме полесно да ја работиме „Митра“, Brainster имаше најавено почеток на неколку курсеви и Академиии. Најпрво се запишавме на курсот за Digital Marketing со Петар и Александра, беше презабано и корисно и така решив дека сакам што повеќе да се усовршам во таа област, најпрво зошто ќе ми биде корисно за Митра, а второ зошто ми стана голем личен предизвик да го совладам ова поглавје од маркетингот.
Како си помина на Академијата? Како ти помогна се’ што научи и дали денес го применуваш во развој на својот бизнис?
На Академијата за Дигитален Маркетинг си поминав супер 6 месеци, во ниту еден момент не се заморив и не се запрашав дали згрешив што се одлучив да ја посетувам, научив многу корисни работи кои сега ги применувам во бизнисот. Имавме супер предавачи кои работеа со нас и ни го пренесуваа своето знаење и искуство, посебно ми беше интересно работењето во тимови и на реални проекти со таканаречените Learning partners на Brainster (дефинитивно Митра ќе земе учество во овие активности наскоро?), еден супер концепт на работа во кои партнерите ни задаваа задачи и ние работевме на реални кампањи што ни помогна да го сфатиме процесот на работање малку посуштински.
Целото време имавме супер атмосфера и комуникација со сите кои предаваа и ја посетуваа Академијата, имавме супер ментор, Ива, која се грижеше да бидеме редовни и да имаме домашни и понекогаш да се собереме на дружба? Тоа што највеќе ми се допаѓа и на некој начин најголемата придобивка што ја имам од тоа што бев дел од оваа Академија е тоа што тимот на Brainster и дел од предавачите и ден денеска ми се достапни за било какви прашања и совети за сите потешкотии со кои се соочувам во бизнисот, посебно фала на Александра, Љупка и Дарјан што секогаш имаат време за разговор и по неколку решенија за „проблемите” на Митра.
Академијата ми беше едно супер искуство, толку многу ми се допадна што и ја предложив и на сестра ми и сега и таа е дел од Акедемијата за дигитален маркетинг и искрено се надевам дека уште долго ќе се дружиме со Brainster ?
Уписите за новата Акдемија се во тек. Резервирај го твоето место!