АI нема да те замени, но твојот колега што ја користи – може!

Често слушаме како вештачката интелигенција (АI) доаѓа да ни ги земе работните места. Наместо како шанса за напредок, на АI многу повеќе се гледа како на страв и закана кои се провлекуваат низ многу индустрии. Но, вистината е малку поинаква и, на некој начин, многу поохрабрувачка: самата АI веројатно нема да ве замени. Меѓутоа, колегата што знае како ефикасно да ја користи АI – тој веројатно може да ве надмине.

Игнорирањето на потенцијалот на вештачката интелигенција е ризикот, а не нејзиното постоење.

Извештајот на World Economic Forum проценува дека АI ќе создаде 97 милиони нови работни места. Иако признава дека автоматизацијата ќе укине 85 милиони – тоа сѐ уште претставува нето добивка од 13 милиони нови работни места.

Истиот извештај открива дека полето на АI го има најголемиот јаз во вештини во технолошката индустрија, што значи дека има малку квалификувани апликанти за улогите и покрај брзо растечката потреба.


AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!

„AI at Work“ е достапен преку претплатнички модел, со цена од 25€ месечно, со загарантирана цена за првите 1000 корисници. Регистрирај се сега и биди дел од новата генерација AI професионалци!

Пакетот кои го добиваат корисниците е следен: 
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.


Кој може да те замени со AI?

Колегата што користи АI може да стане поефикасен, попродуктивен и поекономичен во својата работа.

Еден вработен што користи АI алатки за автоматизација на рутински задачи може да заврши работа која порано барала двајца или тројца. Според студии на McKinsey, АI би можела да ја зголеми глобалната продуктивност на трудот за 0,8 до 1,4 процентни поени годишно до 2030 година. Дополнително, анализирањето на огромни количини податоци со АI овозможува попрецизни предвидувања и увид, што води до подобри стратешки одлуки. 

АI може да помогне и во бреинсторминг, генерирање идеи и брзо прототипирање со цел побрзо да се донесе иновативно решение. Deloitte предвидува дека АI може да ја зголеми ефикасноста на компаниите за 10-15% во наредните години.

Затоа, треба да почнеш да размислуваш каде се вклопуваш во големата слика со оглед на промените во функционирањето на компаниите под влијание на новите технолошки напредоци.

Кој е твојот следен чекор? или…

Како да станеш незаменлив во ерата на AI?

Наместо со страв, гледај на АI како на можност. 

Твојата задача не е да се натпреваруваш со машината, туку да научиш како да работиш со неа. 

За да успееш во ова, клучно е да ги научиш основите на АI (не мора да си експерт за машинско учење!). Разбирањето на основните концепти и како функционираат АI алатките во твојата област е од големо значење.

Идентификувај каде АI може да помогне во твојата работа: повторувачките задачи, анализата на податоци или процесите каде АI може да ти ослободи време за покомплексни и креативни активности. Ова ќе ти помогне да се фокусираш на развојот на човечките вештини што АI не може да ги реплицира, како што се критичко размислување, емоционална интелигенција, стратешко планирање, лидерство и креативност.

Размисли за тоа да инвестираш во себе преку специјализирани курсеви и академии за да стекнеш вештини во областа на вештачката интелигенција. Со тоа, ќе отвориш нови кариерни опции и можности, како што се позиции на АI консултант, АI специјалист или АI имплементатор. 

Денешниот пазар за труд постојано се менува и бара флексибилност и континуирано учење. Влијанието на вештачката интелигенција станува сè поочигледно. Како што алатките како ChatGPT и неговите конкуренти сè повеќе се шират, јасно е дека вештините во „промпт инженерингот“ ќе бидат исклучително барани.

Оние кои ќе ги совладаат овие вештини ќе бидат клучни за предводење на АI револуцијата во своите организации и за обезбедување долгорочен успех во кариерата.


AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!

„AI at Work“ е достапен преку претплатнички модел, со цена од 25€ месечно, со загарантирана цена за првите 1000 корисници. Регистрирај се сега и биди дел од новата генерација AI професионалци!

Пакетот кој гои добиваат корисниците е следен: 
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.

Related Stories For You


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!