До Brainster, 

За прв пат во животот го правам тоа што вистински го сакам. 

Кога се решив за Академијата за UX/ UI дизајн, бев во фаза на животот кога морам да донесам одлука што понатаму. Се решив да се откажам од сигурна работа во телекомуникации, т.е. да не работам понатаму нешто кое за мене немаше перспектива, онаму каде не гледам раст. Барав нова пасија, нешто кое што ќе ме исполнува и ќе можам да го учам и надоградувам целиот мој живот.

Никогаш не посветував многу време на учење, и за прв пат учев, работев сам, завршував обврски, учествував во хакатони. Се чувствував мотивиран, учев нешто ново, имав нова територија за откривање. 

Но, го доживеав и првиот неуспех на првиот реален проект, кој беше и лекција за трпение. Трпеливост која ми го донесе и првиот успех во оваа моја приказна. А тоа беше понудата за работа – влегов во ИТ индустријата! 

Денес сум UX/UI дизајнер во Init Norway кој го учи и работи секој ден тоа што го сака. 

До следна соработка, 

Давид 


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Еден од нив е Давид Петрушевски, алумни студент од Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн. Тој пишува до Brainster заедницата за неговата успешна кариерна трансформација во ИТ – од работа во која не гледа перспектива до UX/UI дизајнер во Init Norway.

Оваа негова приказна го доловува неговото искуство и неговиот кариерен пат. Што значеше одлуката да промени кариера за него и што промени за да добие понуда за работа и да го работи она што го сака.

Ќе споделуваме уште мнооогу вакви успешни приказни. Продолжи да нѐ читаш.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.