Кога станува збор за човек кој има постојана желба за учење и себе-надградување, мислиме на нашиот студент Стефан Трајков. Тој во моментов е студент на Академијата за UX/UI дизајн, досега ја има завршено Brainster Академијата за графички дизајн, а овие креативни полиња, планира да ги заокружи и со Академијата за дигитален маркетинг.
Тој ја гради својата кариера во ланецот на познати маркети во Македонија – Вива Фреш. Со него поразговараме за неговиот креативен пат, зошто го одбрал Brainster, со кои предизвици се соочуваат графичките дизајнери и слично.
Ти работиш во ланецот на познати маркети во Македонија Вива Фреш. Која е твојата позиција таму?
Мојата позиција таму е графички дизајнер. Јас како графички дизајнер во Вива Фреш работам во тим. Мојата улога таму е да ги извршувам зададените работи и дизајни. Секојдневно има нови предизвици нови дизајни и преку тоа си стекнувам искуство како да се справувам понатаму како дизајнер во мојата кариера.
Како изгледа твојот креативен процес? Каде ја наоѓаш твојата инспирација?
Мојот креативен процес започнува со истражување на видеа, слики, веб-страници за дизајн, платформи. Собирам идеи кои што потоа ги претворам во дизајн. Инспирацијата ја има насекаде, некогаш се крие во малите нешта, некогаш се наоѓа пред тебе. Исто така следам работа на други графички дизајнери кои создаваат иновативни и креативни решенија. Тие често ме инспирираат и ми помагаат во мојата замисла како да дојдам до посакуваното решение. Најважното за секој графички дизајнер е да има верба во себе и во дизајнот кој што го креира.
Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн
Што е она што е најголем предизвик за секој графички дизајнер?
Според мене мислам дека најголем предизвик за секој графички дизајнер е својата креативност да ја спои со потребата на клиентот за кој работи. Не секогаш е лесно да се излезе од својата комфорт зона. На реалните проекти каде досега сум работел, сум можел мојата креативност да ја искористам во целост (имав слобода да дадам решение од моја перспектива). Исто така, сум работел и на проекти каде што клиентот си ја има својата замисла како решението треба да изгледа и можам да кажам дека е доста предизвикувачки да се дојде до финално решение кога и двете страни имаат идеи кои што воопшто не се лоши.
Како според тебе изгледа еден успешен дизајн?
Според мене еден успешен дизајн се базира на неколку клучни карактеристики. Успешниот дизајн треба да пренесува јасна порака која ќе ги задоволува целите на клиентот преку визуелната привлечност и естетската хармонија. Конзистентноста на боите, типографијата и стилот го создаваат професионалниот изглед на дизајнот , додека адаптибилноста на дизајнот му овозможува да функционира на различни платформи и уреди во различен формат. Оригиналноста и креативноста го прават дизајнот уникатен, додека вниманието на деталите е битен фактор за дизајнот кој го покажува квалитетот на истиот.
Кои карактеристики треба да ги поседува еден дизајнер за да биде успешен во своето поле?
За да се биде успешен дизајнер и да се има успешна кариера јас сметам дека нашата креативност треба да ја прифатиме како ѕвезда водилка. Со искористување на знаењето од програмите и алатките за дизајн, ние дизајнерите можеме полесно да дојдеме до посакуваното решение. Визуелните финеси, заедно со ефективната комуникација, ги оживуваат нашите идеи кои исто така ги усогласуваме со потребите на клиентите. Организацијата на времето и желбата за континуирано учење му помага на секој дизајнер да расте и да се унапредува во своето поле. Во ова патување, нашата страст нас нѐ поттикнува да ги претвориме нашите идеи во реалност.
Зошто ја одбра Академијата за UX/UI дизајн? Како ти помогна Brainster Академијата за графички дизајн во твојата сегашна работа?
Јас првично со цртање се занимавам уште од мали нозе и нема да лажам ако кажам дека талентот за цртање го имам наследено од мајка ми и баба ми, и сакам да им се заблагодарам на тоа. За Brainster знам досто долго време пред да се запишам и истражував зошто да се запишам токму таму. Бев навистина инспириран за работа од проектите кои се работеа таму, хакатоните, дружбата, целата таа екипа која стои позади Brainster. Brainster беше мојата финална одлука затоа што сѐ што мене ми требаше, си го пронајдов таму. За мојата сегашна работа сметам дека хакатоните и реалните проекти играат голема улога затоа што преку нив јас се научив да работам под притисок и рокови и да донесувам правилни одлуки во врска со решенијата кои се бараат. Накратко ќе кажам – Презадоволен сум што се запишав на академијата за графички дизајн – затоа што преку неа добив желба за уште две академии за UX/UI дизајн и дигитален маркетинг. Така што им препорачувам на сите што сакаат да се запишат на Brainster: Запишете се, нема да се разочарате ако сакате да растете со најдобрите!
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).