Филип Тодоровски е алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн. Тој живее и работи во Сан Франциско од каде и ја следеше академијата. Од неодамна работи и во компанијата HCutt.inc во Сан Франциско, каде ја има улогата на Lead UX/UI дизајнер.
За Филип е карактеристично тоа што тој е една вистинска креативна душа, која работи на уметнички и креативни полиња. Покрај тоа што тој се занимава со UX/UI дизајн, тој е и Video Editor како и музички продуцент.
Со него разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат студентите кои ја изучуваат академијата онлајн од друга држава, за мотивацијата која ја имал за време на академијата и многу други интересни теми.
Која е твојата позиција во компанијата HCutt.inc? Кои се твоите обврски како Lead UX/UI дизајнер?
Моето работно место во Hcutt.inc е Lead UX/UI дизајнер. Моите одговорности вклучуваат истражување на корисничкото искуство и креирање, како и одлучување за финалниот дизајн на веб-страниците и апликациите на нашите клиенти. Повремено, се занимавам и со Front-End благодарение на моите колеги кои ја ценат и поттикнуваат мојата љубопитност.
Во Brainster ти ја изучуваше академијата за UX/UI дизајн. Дали се соочуваше со некакви предизвици со слушање на академијата, со оглед на тоа што живееш во Сан Франциско?
Иако се соочив со вообичаените предизвици од типот „Дали сум доволно добар?“, некои предмети беа потешки за совладување од други. Но, најголемиот предизвик со кој се соочив додека учев во Brainster беше временската разлика. Особено за време на хакатоните, понекогаш морав да станам во 2 часот наутро за да можам да соработувам со моите колеги. Иако признавам дека беше тешко понекогаш, не би го менувал тоа за ништо друго и ми е драго што имав можност да ја споделам таа искуство со моите истомисленици и страстни колеги.
Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за UX/UI дизајн!
Ти се занимаваш и со музика и видео едитирање, како се одлучи за академијата за UX/UI дизајн? Како таа ти помогна во твојата кариера?
Да, навистина, моето искуство со музика и видео едитирање секогаш ми помагало да го развивам мојот креативен процес и да се изразувам преку различни медиуми. Но, се одлучив за академијата за UX/UI дизајн затоа што почувствував дека тоа е полето каде што можам да ги обединам сите мои вештини – креативноста, техничките знаења и љубопитноста за корисничкото искуство. Академијата за UX/UI дизајн ми овозможи да го проширувам моето знаење, да научам како да пристапувам до корисниците на поинтерактивен начин, и да создадам дизајни кои не се само визуелно привлечни, туку и функционални. Brainster академијата беше клучна во мојата кариера, бидејќи ме насочи кон светот на дизајнот.
Како би ги советувал сите оние кои сакаат да се занимаваат со UX/UI дизајн?
Мојата мантра е дека секој проект започнува со ‘Чекор број 1’ и “90% од успехот лежи во тоа да се појавиш. Затоа, мојот совет би бил: ‘Само појави се и утврди кој е чекор број 1.’ Од тој момент натаму, веќе си дел од топ 1% на сите UX/UI дизајнери.
Како се мотивираше себе си за време на академијата?
Тоа е едноставно, постојано си велев: Ако го направам ова, ќе имам повеќе пари за да купам повеќе играчки за мојата мачка Нави и кучето Иван.