Тим 2 од Академијата за UX/UI дизајн го освои победничкото решение за клиентот Larger World

Секој од нас сака да го направи светот подобро и поголемо место за живеење. Ваква шанса да креираат подобар свет имаа студентите од Академијата за UX/UI дизајн

Ренато, Софија, Арбина, Ивона, Марија, Павлинка и Матеј од Тим 2 го креираа победничкото решение кое ги освои симпатиите на клиентот Larger World.

Реалниот проект на кој работеа студентите се викаше „Storytelling“. Проектот беше воден под менторство на инструкторот Златан Мујчин. Како што велат од Тим 2 покрај поддршката од менторот, од голема корист им беше тоа што клиентот сакаше и навистина активно учествуваше во насочувањето на нашите одлуки и решенија. 

Направивме интервју со нашите студенти кои го споделија нивното искуство од работа на овој проект. Повеќе прочитај во продолжение.

Какво беше искуството да се работи на еден ваков проект?

Проектот – редизајн на веб страна на Larger World, сам по себе беше предизвик поради фактот дека никој од нас пред проектот не беше запознаен со unlearning методологијата, проектот беше тотално непознат за нас. Започнавме со многу конфузија и страв дали можеме да одговориме на истиот со посакуваниот квалитет, но после 15 дена опсежно истражување и читање работите ни станаа многу јасни, а резултатите од нашата работа видливи. Секој следен ден проектот стануваше се полесен и поинтересен. 

Design thinking process-от беше нелинеарен, итеративен процес кој максимално го искористивме за да ги разбереме корисниците, да ги оспоруваме претпоставките, па пак да ги редефинираме проблемите и да го прошириме истото во бизнис дизајн размислување. Така создадовме иновативно решение во функција на core objectives на Larger World. 

Каква беше задачата на вашиот тим?

Од решението се бараше да го следи и засили бренд идентитетот, тоа го постигнавме преку редизајн на формите на копчињата, од правоаголни и со остри агли станаа заоблени копчиња инспирирани од листовите на логото. За да го подобриме ангажманот на корисникот и усогласување на дизајнот со неговиот карактер и потреби дизајниравме неколку работи. Тоа беа делот – дискусии – социјален доказ, социјален сигнал за илустрација дека другите луѓе читаат и учествуваат во она што го нуди Larger World. 

Ја искористивме уникатноста на платформата – теми кои ретко се обработуваат во светот, повикувајќи ги корисниците да кликнат ‘повеќе’ и да се нурнат подлабоко во детали. Создадовме цела нова страна каде на почеток е даден мал опис на темата која е избрана и подолу се листат сите содржини поврзани со темата, видео, аудио или артикл. Тоа му дава можност на корисникот да остане повеќе време активен на платформата со понуда за различен тим на содржина, со лесен избор по негова преференција.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за UX/UI дизајн!


Кој дел беше најпредизвикувачки за вас?

Аttract more customers беше најпредизвикувачкиот дел за нас, посебно после второто интервју со клиентот, каде многу детално ни ги објаснија сите процеси. Посебно внимание посветивме на моќта на visual storytelling. Поголема промена направивме и во делот – membership со два типа на копчиња – free for 30 days & buy now. Давајќи можност на корисниците ако се нови да ја пробаат функционалноста на платформата 30 дена бесплатно, па потоа да го надградат својот пакет во solo или team explorer. 

На кој дел од задачата работевте со задоволство?

Редизајнот на световите ни беше посебно задоволство. Дизајниравме пеперутки кои ги направивме интерактивни, тие се индикатор дека постои одредена содржина со кликање на нив. UI картичките ги редизајниравме следејќи ја формата која нѐ инспирираше од логото и е асоцијација на врата, можност да се влезе подлабоко во темата која е избрана. UI картичките се кликабилни цели на тој начин им го скративме времето и растојанието кое беше потребно претходно за да корисникот дојде до посакуваната содржина. 

На крај на проектот сите едногласно заклучивме дека неговата специфичност кај секој од нас прави простор за ново знаење, раст и иновации!