Запознај ја Тина Урдинова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за август 2024.  

Мојата позадина е…

Студирав Индустриски Дизајн на Машински факултет во Скопје, од каде што развив голема страст за дизајн и создавање решенија фокусирани на корисничките потреби.

Областа ја избрав затоа што…

UX/UI дизајнот ми овозможува да ги комбинирам креативноста и логичкото размислување за да создадам интуитивни и корисни решенија.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Успешниот UX/UI дизајн се гради на постојаното учење и адаптација. Работата со реални клиенти ми покажа како различните перспективи и барања влијаат на процесот на дизајнирање.

Најгорда сум на…

Водење на тимски реален проект – редизајн на Larger world, кој бара уникатни решенија и стратешко размислување. Тимската работа е клучна, и гледањето на целосниот, готов проект како резултат на нашата заедничка работа е навистина гордо искуство. Ова ми покажа колку е важен тимскиот дух и како креативниот процес може да води до одлични резултати кога сите членови на тимот работат заедно.

Мојот омилен модул е…

Модулот за дизајн на кориснички интерфејс (UI). Истражувањето околу создавањето на привлечни и интуитивни решенија за корисниците. Беше возбудливо да се истражува како различните елементи можат да го подобрат корисничкото искуство и истото да е попријатно за користење.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Александар Нофитоски ме инспирираше да размислувам „outside of the box” и поттикнуваше да ја имам на ум перспективата на корисникот во секоја одлука.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Академијата ми овозможи темелно разбирање на принципите и практиките на UI/UX дизајн. Развив уште поголемо сфаќање и способности за решавање на кориснички проблеми и креативно размислување, што е клучно за создавање на еден интуитивен и ефикасен интерфејс. Тука би ја напоменала повторно работата на реални проекти, која исто така ми даде увид во тоа како изгледа процесот во реална практика и ме направи поспремна за професионални предизвици што ми претстојат.     

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Останете љубопитни, прифатете ги предизвиците и не плашете се да побарате feedback.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за UX/UI дизајн!