Запознај го Сашо Ѓоргиевски – Dream team студент од Академијата UX/UI дизајн за април 2024.

Мојата позадина е…

Економист, со завршено високо образование, работам во струка како комерцијалист во една од поголемите пиварници во државава.

Областа ја избрав затоа што…

Љубов кон дизајнот. Бидејќи сакам дизајн со интеракција, а и нови предизвици, го избрав UX/UI дизајнот пред Графички дизајн.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Кога се има доволно љубов кон некоја професија, нема никаква препрека да се биде успешен во неа. Sky is the limit.

Најгорд сум на…

На освоените максимални и плус бонус поени на моите омилени модули, и самиот позитивен фидбек од инструкторите.

Мојот омилен модул е…

Не можам да се одлучам помеѓу UI Design и Storytelling. Првиот е дефинитивно мојата професија од соништата, а вториот е интересен пристап до неа.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Златан Мујчин и секако Александар Нофитоски.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Станува збор за кариерна трансформација. Се надевам дека ќе успеам на мои, уште малку 44 години да го постигнам тоа, да се бавам со дизајн, а се надевам и дека Brainster ќе ми помогне во остварување на моите соништа.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Да бидат редовни на предавања, редовно да ги извршуваат дадените обврски од менторите и секако, да се пријавуваат на хакатони. Да, знам дека тоа е напорно, ама на крај на денот, искуството кое го стекнуваш е вредно за секоја минута помината на овој начин.


Посети ја Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн и дознај за активни понуди.