Запознај го Петар Шулевски – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за јуни 2024.
Мојата позадина е…
Концепт-арт и илустрација за видео игри, друштвени игри, книги, кога има потреба работам и графички дизајн, а од неодамна почнав да цртам и стрипови.
Областа ја избрав затоа што…
Шансата да стекнам знаење во нова креативна област и да се надоградам како дизајнер е нешто што никогаш не би го пропуштил.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Меките вештини се екстремно важни и не смеат да се занемарат.
Најгорд сум на…
Екстремно сум горд што заедно со мојот тим (Тим 1) победивме на првиот реален проект на академијата (DataHub). Исто така, како нешто што многу ми значи, би ја споменал и победата на мини-предизвикот за фотошопирана слика од тимот за време на првиот хакатон (KineMoe).
Мојот омилен модул е…
Најверојатно тоа би бил User Interface Design модулот. На овој модул за првпат дизајниравме целосна страна, а и го започнавме првиот реален проект. Овде би го спомнал и Front-End модулот.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Дефинитивно Александар Нофитоски. Аце е најдобар пример за тоа како да се биде професионалец во работата!
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Покрај, големиот број на стручни вештини кои ги научив, академијата ми помогна да изградам професионално CV. Иако имам над 7 години искуство во гејминг индустријата, отсекогаш имав проблем со креирање на моето CV.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Знам дека повеќето луѓе на академијава се вработени, но јас би им препорачал секогаш максимално да се вложуваат на секој модул. Некогаш материјалот е обемен, но со неколку денови напорна работа дефинитивно се постигнува. Исто така да бидат активни, да коментираат на часовите и да презентираат пред клиентите. Овие работи мене ме подобрија, не само како дизајнер, туку и како човек.