Запознај ја Павлина Ѓоргиевска-Сандев – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за мај 2024.  

Мојата позадина е…

Имам повеќе од 17 годишно искуство во креативната индустрија. Мојот професионален развој секогаш го надополнував со формално и неформално образование. Воедно магистрирав за маркетинг. Исто така, завршив и академија за графички дизајн и сега сум на UX/UI Академијата.

Областа ја избрав затоа што…

Брзата и постојано еволутивна природа на дизајнот на UX/UI, во комбинација со мојата страст за создавање значајни кориснички искуства, ме инспирира да го изберам ова поле како следно поглавје во мојата кариера. 

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Важноста на дизајнот фокусиран на корисникот и влијанието што може да го има врз целокупното корисничко искуство и импресивните бизнис резултати после тоа. 

Најгорда сум на…

Проектот – редизајн на веб-страницата на Националната опера и балет. Клиентот побара дизајн кој ќе биде префинет и елегантен и ќе го засилува бренд идентитетот. За да му го визуелизираме на корисникот и клиентот тоа, тргнавме од најуникатното – скулптурната архитектура како одраз на современа оперска куќа со цврста вонвременска мисла. Крајниот резултат од целиот редизајн нѐ воодушеви сите во тимот. 

Мојот омилен модул е…

Од првиот модул – Ilustrator, до модулот кој сега го изучувам – Story telling, уживам и се надевам дека така ќе биде до последниот модул, затоа не можам да одвојам омилен. Првите неколку модули ме научија како моето претходно искуство и маркетинг базирано размислување да го ставам во функција на дизајн размислување фокусирано на корисникот. Следуваа модули каде ги усовршував моите UX/UI дизајнерски вештини за да можам визуелно да ги прикажам моите дизајнерски одлуки со висок степен на стручност и професионалност. 

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Секој инструктор на свој уникатен начин плени со својата страст за UX/UI и преку своето долгогодишното искуство е исклучително инспиративен и вешт со добри практики за пренесување на знаењето. Сите научени лекции од својата професионална кариера кои ни ги споделија се непроценливи за мојот раст како дизајнер. 

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Практичниот пристап на академијата кон учењето, соработката со професионалци од индустријата и фокусирањето на проекти од реалниот свет. Сето тоа значително придонесе за мојата подготвеност за самостојна работа на интернационални високобуџетни проекти. 

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Искористете ги ресурсите на академијата, менторството кое го нуди Brainster, будете љубопитни и отворени за учење на нови дизајнерски трендови, алатки и техники за да останете напред во полето на UX/UI  дизајнот што брзо се развива и нуди големи кариерни можности.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв/а
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за UX/UI дизајн!


Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!