Ана Зикова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознај ja Ана Зикова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец ноември 2023.

 

Име и презиме: Ана Зикова

По професија: Архитект

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш оваа област: Затоа што е уникатен спој на дизајн, психологија и технологија, доволно сродна со мојата примарна професија.

Што те мотивира постојано да учиш: Потенцијалот за иновација, идејата да се создаде нешто што не постоело претходно, а е одлично решение за актуелен проблем.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Вредноста на тимската работа, искуството да се носат одлуки паралелно со уште 5 колеги во тимот за клучни точки во идеја и дизајн, вредноста на различните карактери и перспективи што ги носиме и како да се направи синтеза на индивидуалните доблести во заедничкиот продукт.

Омилен модул и зошто: Тешко би било да се одлучам, но би рекла Storytelling/UX in the Real World, заради тоа што чувствувам дека е многу длабоко поле што бара постојано истражување и тој дух на потрага по знаење кое постојано се надградува ме инспирира. Тука би додала honorary mention za Discovery и UI.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можела да издвојам еден затоа што гледам вредност и потенцијал во сите. Златан имаше многу позитивно влијание врз мене со неговиот став кој охрабрува критичко размислување, темелна анализа на проблематиката и храбри решенија. Нофитоски е инспирација со неговиот проактивен пристап и вредни насоки за да го извадиме најдоброто од себеси. Андреј Блажевски имаше важна улога во воведот во оваа дејност како поле на константен раст и реализиран интелектуален потенцијал.

За 5 години сакам да бидам: Среќна со импактот што го правам.

Хоби: Слушање музика, читање.

Омилена книга: Детскиот сон на Хари Потер книгите секогаш! 

Омилен цитат: “Inspiration exists but it has to find you working.“

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на UX/UI дизајн!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за UX/UI дизајн и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА