Анастазија Тасеска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознајте ја Анастазија Тасеска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец јуни 2022.
Име и презиме: Анастазија Тасеска
По професија: Senior Sales Representative во компанијата Slice
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Зошто баш UX/UI дизајн: Зошто би имале само убаво-визуелни, а тотално некорисни апликации и веб страници, кога може сето тоа да биде изградено до перфекција? Спојот на убав и функционален дизајн, со применување на барањата, потребите и замислите на корисниците, како и постојаното учење и надградба, е она што ми привлече најмногу внимание. Затоа и се решив да започнам да учам UX/UI дизајн.
Што те мотивира постојано да учиш: Љубопитноста да дознаам што е можно повеќе, како и што следи после секој нареден чекор.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека ова поле е толку широко и има постојано што да се научи. Сето тоа вреди кога ќе се добие крајниот резултат и задоволството од завршената задача.
Омилен модул и зошто: Како за почеток – Tools. Премногу интересни опции за изразување на креативноста и визуелно претставување на она што во одреден момент било само замисла.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можела да издвојам еден инструктор. Професионалноста, достапноста, но и пријателскиот пристап на целиот тим на Академијата, дава додатна мотивација за учење во пријатна опуштена атмосфера. Знам дека сме во „добри раце“ и со нетрпение го чекам секој следен час.
За 5 години сакам да бидам: UX/UI дизајнер со богато искуство и знаење, кој зад себе има успешни проекти и задоволни клиенти.
Хоби: Фотографија и спорт, тенис конкретно.
Омилена книга: Малиот принц
Омилен цитат: “If you can dream it, you can do it.“
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!