Запознај ja Исидора Несторовска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец декември 2023.
Име и презиме: Исидора Несторовска
По професија: Архитект
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Зошто баш оваа област: Бидејќи е слично како и мојата примарна професија. Во склоп со психологијата, технологијата, дизајнот и на крај, добивање на уникатно корисничко искуство.
Што те мотивира постојано да учиш: Желбата за континуирано самодоградување во овој променлив свет и моето гледиште на успехот. Да дизајнирам, да создадам нешто и да оставам добар импакт.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Разбирање на мисловните процеси на корисниците, вредноста на тимската работа и програмот Figma.
Омилен модул и зошто: Тешко ми е да одлучам, но би рекла Discovery и UX Analysis. Длабоко го ценам темелниот пристап кон собирање и анализа на собрани информации од истражување. Овие модули ме поттикнаа да размислувам подлабоко, повеќе да се трудам да разберам на кој начин размислуваат корисниците и кои се нивните потреби.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Предизвик е да се посочи само еден. Секој од инструкторите донесе уникатна перспектива и великодушно споделување на својата експертиза. Со тоа колективно ми го направија овој процес на учење – драгоцен.
За 5 години сакам да бидам: Да имам сериозно зачекорено во дизајн професијата и со истиот порив да продолжам да се движам нанапред.
Хоби: Цртање, јога и сноубординг.
Омилена книга: The Shack – William P. Young
Омилен цитат: “Perfectionism doesn’t advance anything, ironically.“
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на UX/UI дизајн!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.
Аплицирај на Академијата за UX/UI дизајн и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+