Даница Матеска Гелевски – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознај ја Даница Матеска Гелевски – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец август 2023.

 

Име и презиме: Даница Матеска Гелевски

По професија: Преведувач/толкувач по италијански јазик

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш оваа област: Пред сè, затоа што соодветствува со карактеристиките на мојата личност. Освен тоа оваа Aкадемија е мојот поттик за кариерна промена, а исто така нуди и “smooth entry” во IT индустријата.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата да се надградувам и развивам во оваа брзо менувачка индустрија е она што ме мотивира да истражувам, учам и експериментирам, а и самата природа на оваа професија го бара тоа.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Не само најинтересна, но воедно и најкорисна работа во Aкадемијата за мене е алатката Figma, моќен инструмент кој нуди широки можности за изразување на креативност.

Омилен модул и зошто: Сите модули се од особена важност, но како омилени би ги издвоила Discovery и UI Design, бидејќи искуството беше повеќе од само учење. Работата на проекти во тимови не само што ни овозможи да го примениме знаењето што го стекнавме, туку го разви и тимскиот динамизам и изгради нови пријателства.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Тешко е да издвојам само еден инструктор, затоа што сите беа одлични во она што го правеа. Секој од нив имаше свој уникатен стил на предавање и пренесување на знаења и вештини. Но, тука би споменала за мене еден многу корисен совет од инструкторот Нофитоски: „Оставете секогаш дизајнот да преспие”.

За 5 години сакам да бидам: Би сакала да бидам Unicorn (ама Unicorn Designer да нема забуни 🙂 )

Хоби: Уживам во активности на отворено, како планинарење и прошетки во природа.

Омилена книга: Еден, ниеден и сто илјади“ од Луиџи Пирандело.

Омилен цитат: You never know how strong you are, until being strong is your only choice“.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!