Работата на реални проекти за реални клиенти е долг и сложен процес. Како дел од програмата на Brainster Академиите е постојаната соработка со нашите партнери за ко-иновации и на овој начин создаваме можности за учење преку практична работа на студентите. Со овој вид на учење, студентите од прва рака имаат можност да ги совладаат предизвиците од реалниот свет во одредена сфера. 

Со таа цел, ја организиравме и оваа интернационална cross-academy соработка, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Виена и Академијата за графички дизајн, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање во Македонија.

Овој пат, реалниот проект на којшто се работеше е за клиентот VA Engineering, компанија која делува на глобално ниво со главен фокус на земјите во Европа. Оваа компанија нуди и обезбедува висококвалитетни услуги во сферата на градежната индустрија.

Студентите за изработка на овој проект имаа задача да направат брендирање, градење на веб-страница и кодирање на истата. Проектот се пренесуваше од една до друга Академија следствено, почитувајќи го процесот на предавање на еден проект од еден на друг тим, имитирајќи го процесот кој се случува во реалниот свет во организациите.

 

Како започна целиот процес…

 

 

Целиот процес започна со брифот на Академијата за графички дизајн. Откако студентите завршија, ги приложија своите решенија и беа направени соодветните корекции. Победничкото решение му припадна на Петар Нича, кој го предаде на тимовите од Академијата UX/UI дизајн преку брифинг и ги сподели потребните ресурси за тимовите да може да го пренесат брендот на VA Engineering на веб-страницата.

 

 

На Академијата за UX/UI дизајн, студентите работеа во тимови од двајца и секој со својата експертиза ги адресираше предизвиците на свој уникатен начин. Од завршните презентации излезе и победничкиот тим, студентите Теа Прпиќ и Анита Мисковиќ, со решението кое најдобро ги адресираше проблемите на нашиот партнер. Иако беше вистинска одговорност да се работи на проектот од почеток до крај, со неколку консолидации од клиентот и под менторство на одличниот Дамјан Обал, Теа и Анита беа задоволни од постигнувањето после само 5 месеци предавања на Академијата.

 

 

Следниот чекор кој следуваше беше handover to development. Победничкиот тим спреми style guides, high fidelity прототип и неколку упатства за истите, од каде студентите на Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање си ги експортираа потребните ресурси и ги упатија на нивниот изработен дизајн.

 

 

Идните програмери, овој проект го работеа на 48 часовен Хакатон. Беа поделени во тимови и нивната задача беше да изработат веб решение врз основа на дизајн брифот кој го добија од дизајн тимовите. Победничкото решение од Академијата за Front-End програмирање им припадна на Александар Тушевски и Филип Крстевски, додека пак победници од Академијата за Full-Stack програмирање беа Филип Манев, Стефан Рубелов, Кристијан Стојчев и Филип Арсовски. Откога заврши хакатонот и се прогласија победничките решенија, двата тима работеа заедно за да ги поврзат двете победнички решенија и веб решението да се хостира и биде пуштено во јавност.

 

Во продолжение, студентите ни раскажаа за нивното искуство:

 

Како си поминавте на овој интернационален хакатон кој претставува најголема cross-academy соработка?

Со еден збор, си поминавме одлично, но секако има многу да се зборува за тоа како од празен лист стигнавме до најиновативно тимско решение. Ни беше големо задоволство што учествуваме на еден ваков голем натпреварувачки настан. Навистина беше многу предизвикувачки што моравме да работиме под голем притисок, бидејќи рокот беше краток. Со сигурност можеме да кажеме дека соработката со другиот дел од тимот, поточно back-end, ни одеше навистина од рака. По барањата и критериумите на нашиот клиент, со нашата упорност и тимска работа, нашиот финален продукт беше прогласен како победнички. – ни кажаа студентите од Академијата за Front-End програмирање

 

 

Што беше целта на овој проект и кој беше процесот за да се дојде до финалното решение?

Целта на овој проект беше да се изработи функционално веб решение за клиент во краток временски рок. Единствен начин да се постигне ова беше организирана тимска работа. Тимот беше поделен на два дела, фронт-енд и бек-енд, каде што фронт-енд имаа готов дизајн за изгледот на страната, кој требаше да се изработи беспрекорно до пиксел. 

Додека пак, бек-енд имаа за задача да направат практичен и user-friendly админ панел со кој администраторот на страницата ќе може лесно да манипулира со содржината на самата страница. Тимска работа резултираше со победничко решение коешто клиентот ќе го користи понатаму. Важно е да се напомене дека при овој процес на работа искусивме како е да се работи на реално решение за реален клиент и притоа согледавме како се одвива комуникацијата со клиентот. 

Преку овој проект имавме можност да ги искусиме сите фази во процесот на развивање идеја во функционален прототип и топло го препорачуваме ваквиот начин на cross-academy соработка за да се дојде до идејно решение. – ни кажаа студентите од Академијата за Full-Stack програмирање

 

 

Колку време беше потребно за изработка на решението и дали мислиш дека истражувањето е голем дел од конечната одлука за како треба да изгледа еден брендинг? 

Изработката на брендингот и лого дизајнот навистина беше предизвик бидејќи требаше да се искомбинираат буквите V и А на латиница како едно лого. Во принцип звучи лесно, но ваков тип на лого дизајн преовладува на многу компании низ целиот свет и можам да кажам дека тоа беше главниот предизвик за да се направи едно уникатно, минималистичко лого кое ќе го претставува и истакне нашиот клиент. Според мене истражувањето е многу важно без разлика колку си сигурен во себе и кој е твојот план. За еден дизајн да биде добро сработен му треба детална посветеност и истражување, па затоа овој дел од процедурата е неизбежен. – ни сподели Петар Нича, студент од Академијата за графички дизајн

 

Започна новиот уписен рок на Brainster Академиите.

Совладај ги најбараните вештини на денешницата преку работа на реални проекти за реални клиенти.

Дознај повеќе за програмите на Академијата за UX/UI дизајн, Академијата за графички дизајн, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање.

Интересот е преголем, а бројот на слободни места – ограничен, затоа резервирај го своето навреме!

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА