Реален проект во фокус: Победниците на најголемиот хакатон во Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка ги пречека нашите студенти – двата победнички тимови од хакатонот кој се одржа во октомври. Студентите од креативните и техничките академии, како и студентите од Бреинстер Некст факултетот беа официјално поканети во просториите на Шпаркасе Банка каде групно се споделуваа искуствата и предизвиците на студентите во текот на двата викенда.

Студентите успепешно ја исполнија целта на хакатонот! Работејќи на реален проект, студентите во рекордно време создадоа решение за иновативна платформа за финансиска едукација на млади – Vibe On Edu, прва од ваков тип во нашата земја. Платформата, која е креирана од млади ќе биде токму за младите и ќе го поттикне нивниот интерес за управување со личните финансии.

На собирот во просториите на Шпаркасе Банка се зборуваше за позитивниот импакт од учеството на хакатонот за студентите, за ширењето бизнис контакти и за значењето на работа на реален проект. Несомнено е и дека овој хакатон им ја зголеми професионалната самодоверба на учесниците и ги зајакни нивните вештини за соработка и за работа под притисок.

Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра!

Маја Илиоска Златков, сениор соработник за маркетинг и комуникации, како претставничка од Шпаркасе Банка ја истакна важноста на практичната работа на студентите која најдиректно им помога во нивниот професионален развој, во соочување со предизвици и да научат како да ги решат во реални ситуации. Таа нагласи дека овој проект е од големо значење и за нивното доквалификување. 

Предизвикот ги собра на едно место студентите каде во тимови се работеше на развој на овој значаен проект. Со поддршка од менторство од тимот на Brainster, учесниците работеа интезивно на визијата на Шпаркасе Банка за финансиска едукација на младите.

Што е следно? Тимот на Brainster, заедно со победниците, ќе продолжи да работи на доработување на платформата и да ја подобри функционалноста и пристапот за младите корисници.

Тимот на Brainster ја поддржува иницијативата на Шпаркасе Банка за реализирање на платформа која ќе има реален импакт за младите. Хакатонот е само дел од предвидени низа активности со Шпаркасе Банка чија цел е поддршка на младите во нивните кариери, како и поттикнување на финансиската едукација и претприемачки дух. 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА