Додека голем дел од матурантите летово го користат за патување, одмарање и собирање енергија за факултет, Дамјан Дичоски оди на работа во doxTeam, еден од hiring partners на Brainster. Работата ја започна веднаш после матурирањето во гимназијата Никола Карев и завршувањето на Академијата за програмирање. Иако е најмлад учесник на академијата, Дамјан дефинитивно отскокнува од неговите врсници според размислувањата и посветеноста на работите кои ги прави. Во моментот кога го правевме интервјуто сеуште се размислуваше дали воопшто од октомври ќе тргне на факултет или ќе продолжи со full time работа како frontend девелопер.

Дамјан, твоите инструктори те посочија како еден од учесниците на академијата кои беа најмногу посветени. Од каде толкава љубов кон програмирањето?

Од мал сум фасциниран од компјутери. Од кога го добив мојот прв компјутер како дете таа фасцинација не престанува. Не бев фасциниран толку многу од хардверот колку што бев од софтверот. Фактот дека некој седнал и смислил некаква апликација која овозможува на машината да направи еден куп корисни работи за нас беше иницијалната каписла која ме однесе во овие води. Сонував еден ден да можам и јас да правам апликации или игри и фактот дека денес работам како програмер за мене е буквално dream come true.

Дали имаше некое претходно искуство кога е програмирање во прашање и дали мислиш дека е тоа пресудно за да можеш успешно да ја совладаш програмата на академијата?

Имав претходно искуство. Имено, имав правено една едноставна игра за Android, така што веќе имав некакво предзнаење на логиката позади програмирањето. Како функционираат одредени работи и исто така имав некаков познавање на терминологијата. Сепак немав никакво предзнаење како web девелопер така што на академијата дефинитивно бев почетник.

Повеќето луѓе, вклучувајќи ме и мене, кои немале претходно некаков конкретен допир со програмирањето, имаат предрасуди дека за програмирање треба да си роден и дека не може секој што решил да стане програмер. Кое е твоето мислење?

Мојот став кон програмирањето беше и е дека треба аналитички ум за да се работи. Меѓутоа, тоа не значи дека си роден со тоа. Сѐ се учи, па така и програмирањето. Со доволно учење и вежбање секој може да научи да програмира. Битно е да се има вистинска мотивација и свест дека, како и за било која друга професија, не се станува програмер преку ноќ.

Колку време е потребно да се совладаат основите на технологиите кои ги поминувавте на академијата?

Тоа е доста индивидуално. Во мојот случај беа потребни 3-4 часа дневно за 3-4 недели. Многу помогна фактот дека на академијата имавме можност да работиме на реални проекти и дека секој викенд тимски работевме на задачите заедно со менторите. Секоја недела имавме прилика практично да го поминеме она што го учевме на часовите и мислам дека тоа доста го забрза процесот на учење.

Пред малце ја спомна мотивацијата како еден од битните фактори за совладување на нова професија. Која е твојата мотивација на патот кон кариера на програмер? Кои други карактеристики мислиш дека треба да ги има некој што размислува за иста кариерна патека?

Љубов кон компјутерите и можност за работа ми беа доволна мотивација за да истраам. Идејата дека ќе можам да го работам она што го сакам и да живеам од тоа ми даваа дополнителен boost, особено во моментите кога имаше сериозни предизвици. Упорноста во problem solving беше доста важна, немаше да се откажам после 1-2 часа, едноставно тоа што мора да се реши ќе се реши. Исто така завршував четврта година во средно и паралелно одев на академијата. На моменти ми изгледаше целата работа како невозможна мисија, но сепак бев решен да го завршам започнатото и да не се откажам.

Но она што мислам дека е заедничко на сите оние кои беа дел од академијата но и сите кои веќе се или сакаат да бидат програмери е желба за постојано учење и надоградување. Мислам дека тоа е можеби поважно и од самата мотивација.

Што најмногу ти се допаѓа на новото работно место и каде се гледаш себеси во иднината?

Ми се допаѓа фактот дека не сум врзан за канцеларија и дека можам да работам од било кое место, флексибилните работни часови и работење со тим каде што ја имам целата поддршка. Ова е особено важно за некој кој започнува кариера во програмирање и сеуште учи. Во иднина би сакал да работа за компанија како Google или Mozilla бидејќи имам слушнато доста добри работи за нив.

За крај дали имаш да им порачаш нешто на твоите врсници, и сите други, кои се размислуваат да запишат на академијата?

Кога се пријавив на академијата за програмирање немав јасна идеја за што станува збор, меѓутоа, како што ги поминувавме модулите стануваше сѐ повеќе и повеќе интересно. Целиот труд дефинитивно се исплати бидејќи на крајот ја започнав кариерата од моите соништа. На моите врсници би им препорачал да не се размислуваат премногу, да бидат упорни, да не се откажуваат и да се посветат максимално. И секако да не се плашат, бидејќи се се учи.

Уписите за наредната Aкадемија се во тек. Погледни ја целата програма овде.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА