Успешна приказна – Јована Јовановска се вработи во Dox Team

Приказната на Јована започна од work from home. Сега е дел од тимот на софтверската компанија Dox Team и веќе успешно ги спроведува вештините стекнати на Академијата за дигитален маркетинг. Работата во IT e динамична и интензивна но едно е сигурно – никогаш нема да ти биде досадно!
Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.
Што правеше пред Академијата и од каде се роди идејата за кариера во оваа индустрија?
Пред Академијата за маркетинг работев од дома како freelancer. Не студирав нешто поврзано со ова што го правам сега, но многу истражував на интернет. Наидував на многу софтверски проблеми за кои ми требаше повеќе време да ги решам. Од тука се роди желбата да започнав по професионално да се занимавам со дигитален марктинг. Секако најнапред го увидов потенцијалот кој го има во оваа индустрија. После уште едно истражување на интернет, заклучив дека Brainster го имаа токму она што мене ми требаше. Програмата најмногу одговараше на она што сакав да го стекнам, а тоа секако се практични вештини.
Моментално работиш како дигитален маркетер во Dox Team. Како стигна до таа работа и кои ќе бидат твоите работни овбрски таму?
Се вработив преку Linkedin. Академијата на Brainster ми помогна да го надополнам моето портфолио и знаeње и секако, тоа е она што беше главен фактор при вработувањето. Моментално мојата работа се состои од истражување на пазарот, анализа на карактерот на конзументот, маркетирање на продукт и истражување на таргет групи. Доста интересно и динамично. Не е лесно да си во светот на дигиталниот маркетинг, но барем никогаш нема да ти биде досадно! ?
Секогаш имаше креативни решенија на предизвиците на Академијата, па и одговор на секое прашање. Кој беше твјот омилен модул и која алатка најчесто би ја користела во работата?
Дефинитивно Mailchimp. E-mail маркетинг е мојот омилен модул, а алатката за автоматизација на мејлови дефинитивно многу ќе ја користам во работата. Ја препорачувам на секој бизнис и на секој дигитален маркетер.
Кој е првиот чекор за кариера како дигитален маркетер. Каде започна твојата приказна и како се гледаш од сега за 5 години?
Првиот чекор е ослобудување од стравот од неуспех, а потоа од стравот од конкуренцијата. Мотивација се наоѓа секогаш, потребна е само желба за надоградување и континуирано учење. Мојата приказна започна од work from home. Со ова темпо на работа и динаика, за 5 години од сега, гледам уште многу, многу успешни приказни.
Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука.