Успешна приказна – Маја Новаковска од Академијата за дигитален маркетинг

И Маја стана дел од тимот на Vrootok! Сосема заслужено, како и нашите претходни студенти, Маја веднаш по завршувањето на Академијата, започна со работа како дигитален маркетер. Која е нејзината приказна?

Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Види ја прорамата тука. 

Кажи ни што правеше пред да станеш дел од Академијата за дигитален маркетинг?

Јас сум Магистар по Маркетинг кој работеше сѐ освен тоа. Последно работев во администрација – а тоа воопшто не ме исполнуваше. Иако цело време барав како да ја започнам мојата dream job, немав многу опции, а ни искуство. Во меѓувреме станав и мама, па морав да се фокусирам дополнително затоа што сакав да и дадам и пример на ќерка ми. Во тоа ми помогнаа Brainster. Тука ми се отворија картите и морам да признаам дека воопшто не се каам за одлуката да се запишам на Академијата.

Веднаш по завршувањето на Академијата започна со работа во дигитална маркетиг агенција Vrootok. Кажи ни како ја доживуваш оваа трансформација?

Vrootok е една многу интересна агенција, а во неа работат прекрасни луѓе. Тоа многу ми го олесни почетокот на работата, ја немав таа почетничка трема. Вистина е што  велат дека доколку ја сакаш работата, нема да работиш ниеден ден во животот.

Како ќе ги имплементираш вештините кои ги стекна на Академијата во твојата нова кариера? Која ти е најомилена алатка?

Сѐ што учевме на Академијата ќе применам во мојата секојдневна работа. Таму ни даваа real life примери, изработувавме предизвици кои се засноваа на вистински проекти. Тоа ми даде самодоверба да се наречам себеси Дигитален Маркетер.

Голема помош беа и алатките кои предавачите несебично ги споделија. А една од омилените ми е Instapage за изработка на landing страни. Па таа ти овозможува да направиш страна без програмирање. За половина час имаш функционална страна интегрирана со e-mail сервис интерактивна, дизајнирана по желба.

Според тебе, кој е патот кој треба да го изоди секој кој сака да смени кариера како дигитален маркетер?

Да се запише на Академијата! И многу голема желба и посветеност. Не треба да се откажуваат на првата препрека, бидејќи секогаш ќе има некој да помогне (you just have to ask). Патот е трнлив, но не е невозможен.

Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.