Студентите на Академиите во Brainster имаат најразлични претходни искуства, но дефинитивно на Академијата за дигитален маркетинг имаме најмногу филолози. Сара Илиевска по завршувањето стана дел од тимот на iborn.net каде работи content marketing и ги води социјалните мрежи на компанијата.
Што ќе ни каже за нејзината нова дигитална кариера?
Уписите за Академјата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.
Која е поврзаноста на твоите претходни студии со дигиталниот маркетинг?
Генерално нема некоја посебна поврзаност. Но, еден добар маркетер треба добро да се изразува, а книжевноста игра голема улога во тоа. Од друга страна, познавањето на повеќе од еден странски јазик ти помага да се информираш за трендовите во маркетингот во различни држави и да дознаеш како работат во странство.
На Академијата важеше за една од најпроактивните учесници. Дали има некој дел од дигитален маркетинг кој најмногу те привлекува?
Тешка одлука! За секое наредно предавање, си викав “е, ова беше најинтересно”. Ама, кога веќе морам да се одлучам за едно, би го одбрала Дигитален PR. Се пронајдов себеси во тоа и би сакала да се усовршам во иднина.
Беше на пракса во неколку различни компании, а моментално си во iborn.net. Кои се твоите работни обврски и како изгледа еден твој работен ден?
Во iborn.net сум на пракса за content marketing и ги водам социјалните мрежи на компанијата. Најпрво правам план стратегија и креирам содржина, потоа ги следам и ги мерам сите активности сè со цел секоја наредна објава да перформира подобро.
Tips and Тricks за идните дигитални маркетери?
Никогаш да не престанат да учат и да се дообразуваат на оваа тема. Во дигиталната ера, маркетингот е во постојана еволуција и еден добар маркетер треба да е во тек со сите случувања и трендови, многу да чита и да се информира.
Уписите за Академјата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.