Со развојот на технологијата, на пазарот се појавуваат се повеќе професии кои детално го обработуваат и опсервираат секој дел од финалниот продукт. Конкретно, полето на software testing се фокусира кон детални проверки на продуктот пред неговата реализација. Оној кој директно проверува дали софтверот е сосема точен без никакви грешки и багови, се нарекува Quality Assurance Engineer. 

Денес со гордост својата приказна како QA Engineer ќе ни ја раскаже нашиот алумни студент Христијан Тодоровски од Академијата за Software Testing. Тој во моментов работи во компанијата SDH. Станува збор за македонска компанија која развива решенија за следење и транспарентност кои им овозможуваат на организациите да го документираат животниот циклус на нивниот производ низ неговиот синџир на снабдување: потекло, преработка, логистика, складирање, отстранување, рециклирање итн.

Во продолжение, може да го прочиташ патот до успехот на нашиот студент Христијан Тодоровски.

Ти работиш во македонската компанија SDH, која е твојата позиција таму? Како ја одбра токму оваа компанија да биде твоето идно работно место?

Јас работам како QA Engineer во компанијата SDH. Одлучив да ја одберам оваа компанија бидејќи ме привлече со своите иновативни проекти и напредни технологии. Колегите се извонредни, а атмосферата на работа е толку пријатна и поддржувачка, што придонесува за одлична работна околина ,позитивна енергија. Самото време поминато во оваа компанија ме исполнува, бидејќи го работам она што го сакам.

Какви карактеристики треба да поседува еден software tester, за да се истакне?

За да се истакне еден software tester, треба да поседува одлични аналитички способности, внимание на детали, критичко размислување и упорност. Исто така, важно е да има способност за соработка со тимот, добра комуникација и постојана желба за учење и подобрување.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Software Testing


Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваш како QA Engineer?

Како QA Engineer, сметам дека никој не е имун на предизвици, а секој нов предизвик во мојата област е возбудлив и добредојден. Предизвиците се извор на мотивација и исклучително значаен аспект и за мојот општ и професионален раст, бидејќи ми овозможуваат простор за раст и развој во сите полиња од животот. 

Како Академијата за software testing ти помогна да си она што си денес? Зошто ја одбра токму оваа академија?

Академијата за software testing ми помогна преку обезбедување на квалитетно образование и практични искуства кои ми овозможија да ги развијам потребните вештини и знаења. Ја одбрав оваа академија бидејќи има одлична репутација и нуди менторска поддршка од искусни професионалци во полето.

Како би ги советувал идните студенти кои сакаат да остварат кариера на полето на Quality Assurance?

Би ги советувал идните студенти да бидат упорни, да се фокусираат на учење и постојано да се надградуваат. Важно е да стекнат практично искуство преку интерни и практикантски програми и да бидат отворени за соработка и тимска работа. Исто така, да бидат внимателни на детали и да развијат аналитички и критички способности кои се клучни за успешна кариера во Quality Assurance.

Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА