Од долгогодишна работа на полето на фармација, Стефан Ѓуроски ја прави својата кариерна транзиција и започнува Академија за Software Testing.

Тој неодамна дипломираше од нашата академија, со што стана и наш алумни студент. Кога го прашавме за да ја сподели неговата приказна со останатите студенти и сите кои се двоумат да изучуваат академија, тој веднаш се согласи и со гордост ја сподели својата успешна професионална транзиција. 

Во моментов Стефан работи во компанијата MCA, како Junior Quality Assurance Engineer. Продолжи да читаш и дознај повеќе за обврските и предизвиците со кои се соочуваат QA Engineers. 

Која е твојата позиција во компанијата MCA? Koи се твоите обврски на таа позиција?

Работам на позиција Junior QA Engineer. Во текот на еден ден подготвувам тестови, тестирам и секако пријавувам што функционира како што треба, а што е ‘bug’ и не е по спецификација.

Kолку е важна QA Engineer позицијата во денешната технологијата?

Оваа позиција е клучна во текот на развојот на софтвер. Ние како QA Engineers се трудиме крајниот корисник да добие квалитетен и сигурен софтвер кој ги исполнува барањата на корисниците.

Со кои предизвици се соочуваат QA Engineer-ите?

Во текот на тестирањето на софтверот мораме да бидеме сигурни дека софтверот ќе работи на различни околини и да можеме да репродуцираме одреден bug. Честопати кога се работи со покомплексни системи мораме да бидеме во постојана комуникација со девелоперите за да решиме одреден проблем. Секако, еден од поголемите предизвици е и брзиот напредок на технологијата и алатките кои се користат за тестирање.


Доколку размислуваш за кариера во Software Testing можеби сега е вистинската можност . Бреинстер заедно со 10 компании доделува 100 ваучери од 1000 евра за академиите. Аплицирај на Brainster Академијата за Software Testing за твојот ваучер!


Како се одлучи за Software Testing академија? Како таа ти помогна во твојата кариера?

Работев работа која секогаш бараше забележување на деталите за одреден проблем, а отсекогаш во мене постоеше желбата за работа на софтвер, па така, решив да ги искомбинирам желбата и искуството.

Како би ги советувал сите кои сакаат да започнат кариера на полето на Software Testing/ QA Engineering?

Зачленете се на форуми и барајте и споделувајте мислења. Секогаш размислувајте како краен корисник на одреден софтвер. Запишете се на академија како Brainster која би ви посветила време и знаење и секогаш останете љупобитни и прашувајте.

Што е она што ти дава мотив да се надградуваш себе си и да вложуваш во себе?

Предизвикот е она што секогаш ме бутка напред. Предизвик да научиш нешто ново, предизвик да совладаш одреден проблем. Секако, најдобрите пријатели кои секогаш се тука за мене, како и пријателите кои ги запознав за време на академијата кои се тука за мене за одреден совет и поддршка.

Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉