До Brainster,
Преминот од општествени во технички науки нема да биде лесен, но упорноста ќе се исплати.
За да започнам со мојата кариерна трансформација, на почетокот ми беше потребна храброст да излезам од својата комфорна зона. Се откажав од своето слободно време и се посветив на учење. Но, се уште не бев сигурна дека новата професија е за мене. Следи период на неизвеност, дали е ова вистинскиот избор за мене? Дали ќе успеам?
Кога дојде делот на Brainster+ Академијата за Software Testing каде од мануелно започнавме да учиме авотматско тестирање, сфатив дека сакам да го учам и работам токму ова. Овој модул ме натера да се заљубам во оваа нова вештина и тогаш решив дека software testing е она што сакам да го работам.
За да стигнам до тука каде што сум денес, прво морав да соберам храброст и да се откажам и од сѐ што претходно професионално имав постигнато, а не беше малку. Понатаму упорност, бидејќи следеа долги часови посветени на учење, и многу труд за совладување на сите нејаснотии. И потоа решителност, навистина да се откажеш од сѐ што си постигнал претходно.
На крајот сите предизвици се исплатеа. Кај мене се поклопија коцките, по препораките во неколку компании и првата каде имав интервју, ми понуди работа. Две години подоцна сѐ уште сум таму. Учам, растам секој ден како Intermediate QA Engineer во TestDevLab и имам време да го правам тоа што сакам – да патувам.
Со љубов,
Натали
Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за Software Testing и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!
Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!
Натали Петровска, алумни студент од Brainster+ Академијата за Software Testing ја направи таа промена. Нејзиниот кариерен пат: адвокат – академија – Intermediate QA Engineer во TestDevLab!
Според Натали, решителноста и упорноста ѝ помогна да излезе од својата комфор зона, а љубовта кон новата вештина за автоматско тестирање ѝ даде храброст да премине во нешто сосема непознато за неа.