До Brainster,

Напорот и посветеноста се клучните фактори за да се случи преминот од сонување до постигнување.

Како личност која е ентузијастична и секогаш подготвена за новите предизвици кои ги носи животот се одлучив да се впуштам во уште еден кариерен предизвик: Brainster+ Академијата за Software Testing. При крајот на моите студии на медицинскиот факултет, се впуштив во IT полето, што значеше работа на двете места напоредно.

За да ја остварам оваа кариерна трансформација се водев по неколку мисли-водилки: желбата да се остварам на ново поле, љубопитноста, истрајноста како и мотивот за детално анализирање на информации и ситуации.

На почетокот на Академијата се чувствував како да истражувам еден непознат свет за кој имав големи очекувања и возбуда. А со оглед на тоа што сум срамежлива личност, процесот на истражување на Software Testing Академијата на почетокот беше потежок. Но, благодарение на одличната и опуштена атмосфера на часовите, таа моја карактеристика се промени.

Процесот на трансформирање на мојата кариера беше успешен поради една работа, а беше мојот труд кој го вложив во Академијата. Тоа што никогаш не се откажувам и сè што правам сакам да е перфектно, што не секогаш е добра особина, во овој случај мене ми помогна да стигнам таму каде што сум, Data Еntry Specialist во Pabau. Желбата да успеам и мојата отвореност за примање на совети од луѓето околу мене, исто така, играат значајна улога.

За сите следни успешни приказни,

Елена.


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за Software Testing и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Елена Јовановска, алумни студент од Brainster+ Академијата за Software Testing е една од нив. Таа ја споделува до Brainster заедницата нејзината успешна кариерна трансформација во ИТ – од медицинскиот факултет, вложувајќи се на двете места напоредно.


Нејзината желба да се оствари на ново поле и да истражува и анализира нови информации и помогнаа да си ја оствари својата цел – кариера во ИТ! Со многу труд и истрајност Елена, стигна токму онаму каде имаше зацртано да стигне. ✨

Прочитај ја следната успешна приказна!

Аплицирањето за ваучер заврши!