Запознај ја Јована Здравевска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец октомври 2023.
Име и презиме: Јована Здравевска
По професија: Дипломирана на Факултетот за кривична правда и безбедност.
Академија: Академија за Software testing
Зошто баш оваа област: По природа сум внимателна и затоа што дотогаш се немав запознаено со ИТ-светот сакав да одам чекор по чекор и полека, но сигурно да го освојувам. Исто така, креирањето сценарија и верзии за одредени случаи, откривање на неправилности се тесно поврзани со мојата професија, па така се чувствував посигурна и покомотна со изборот на оваа Академија.
Што те мотивира постојано да учиш: Амбицијата, желбата за надградување и напредок, уште откако знам за себе постојано сум во процес на учење и сакам да го давам максимумот. Запознавањето постепено со автоматското тестирање и Јава, дополнително ме мотивира, ми ја разбуди љубопитноста.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Не знам искрено, во моментов не можам да издвојам, многу работи научив, а и секој ден се трудам да прочитам нешто ново. Ако можам да сумирам тоа е дека мора постојано да се пратат трендовите, и да сме во чекор со времето. Како што напредува технологијата мора и нашето знаење за неа со цел поефикасно работење, а воедно и олеснување на секојдневните активности.
Омилен модул и зошто: Селениум дефинитивно, затоа што ги спојува Објектното ориентирано програмирање заедно со тестирањето во пракса.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Ивана Павлова затоа што е одмерена, трпелива да ни одговори на сите прашања или да ни разреши дилемите, а исто така е многу пристапна, се чувствувам комотно да ѝ пристапам да ѝ поставам прашање, а да бидам воедно и добро разбрана.
За 5 години сакам да бидам: Information security specialist или Penetration Tester.
Хоби: Трчање и планинарење.
Омилена книга: Барај и ќе добиеш од Естер Хикс
Омилен цитат: “The only thing between you and your goals is your own limiting thoughts.“
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!