Запознај го Мите Делков – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за мај 2024.
Мојата позадина е…
Од своја 14 годишна возраст, живеам и се школувам во Германија. Имам завршено средно економско образование.
Областа ја избрав затоа што…
Подемот на технологијата и науката секојдневно ме воодушевува. Поттикнат од идејата за нешто поучно, ново, креативно и предизвикувачко почнав повеќе да се информирам на тема програмирање. Кога навлегов подлабоко во Software Testing, веднаш знаев дека тоа е тоа што го барам.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Иако краток период сум дел од академијата, можам слободно да кажам дека имам доста нови работи научено, од сферата на софтверско тестирање и општо за животот. Катедрата која работи со нас, е еден тим од професионалци кои ми укажаа колку е важно да си упорен, вреден, сериозен, фокусиран, агилен ако сакаш да продолжиш да чекориш по патот на успехот.
Најгорд сум на…
Не би знаел точно да издвојам, можеби затоа што е прерано. Но, можам да кажам дека сум задоволен од моето лично презентирање и став, досега.
Мојот омилен модул е…
Модулот за мануелното тестирање ми е интересен, пишувањето и извршувањето на test case-ови.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Досега ни предаваа само Моника Божиновска и асистентот Михајло Арсовски и за нив имам само најдобри зборови да кажам. Одлични презентации, одлични предавања, помош во секое време. Максимално посветени, ангажирани и прави професионалци во својата област.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Академијата ми отвори нови цели, нов пат каде што можам сигурно да чекорам и да се чуствувам спокојно и обезбедено за во иднина. Едноставно од друга перспектива почнав да гледам на животот, се разбира позитивно.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Би посакал пред сѐ, успех на секој иден студент. Да бидат ажурни и посветени во текот на учењето.