Запознај го Стефан Прцуловски – студент на нашата Академија за Software Testing, кој ни раскажа дека сака да направи кариерна трансформација, а воедно и дека постојано работи на себе со цел да изгради подобар начин на живот.

 

Студент: Стефан Прцуловски

Академија: Академија за Software Testing

По професија сум: Се занимавам со угостителство, поточно менаџирање на ресторани и консултантски услуги за бар.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Сѐ од областа на Software Testing.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Целта што ми беше зацртана во угостителството ја постигнав, мислам дека е вистинско време за кариерна трансформација.

После предавањата секогаш: Го повторувам материјалот што сме го учеле и истражувам повеќе околу истото.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Тоа што сум комплетен “newbie“ во сето ова.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Вработување и зацртување на нови цели.

Оваа област за мене значи: Ново искуство, нов предизвик и нова кариерна цел.

Во слободно време: Сакам да читам, да истражувам, и секогаш наоѓам слободно време за тренинг.

Сакам да читам: Јапонска литература, од култура до историја.

Сакам да гледам: Серии, не така често, меѓутоа како најомилена би ја издвоил Sons of Anarchy.

Омилен цитат: „Ладен чај и ладен ориз се поднесуваат, но студениот поглед и студениот збор – се неподносливи“.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!