Дукица Павловиќ, Афијет Крека, Ивона Мишевска, Елена Христова и Борјан Бранковски беа студентите од Тим 3 кои го импресионираа американскиот клиент Sugarwish и нивното решение беше прогласено на победничко!

Студентите своето решение го претставуваа на онлајн хакатонот кој беше кросакадемски – учествуваа студентите од Академијата за Project & Product Management и Академијата за UX/UI дизајн. Тие имаа задача да креираат каталог со продуктите на клиентот Sugarwish. Инаку клиентот Sugarwish работи на полето на gift-giving. Купувачите може да купат дигитален подарок преку e-gift card („eCard”) и да го подарат некому, кој потоа, на веб-страницата, може да си ги избере нивните омилени деликатеси или пијалоци и да ги добие на нивната адреса во специјално пакување. 

studenti tim 2

Во продолжение може да го прочитате разговорот со студентите за тоа какво искуство за нив претставуваше овој хакатон и воедно победата која ја понесоа со себе! 

Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?

Дукица: Проектот веднаш ми се допадна, со првото читање на брифот. Бев позитивно изненадена со тоа што клиентите беа целосно јасни во врска со барањата и очекувањата но и дека самиот scope на проектот беше идеален за еден ваков 48-часовен хакатон. Пред секој реален проект се чувствува мала доза на возбуда и неизвесност за тоа како ќе работи тимот и како ќе тече работата, но во тоа е и убавината!

Ивона: Кога го прочитав брифот бев многу возбудена бидејќи оваа можност беше одличен начин да ги применам теоретските знаења кои сум ги стекнала досега. Идејата да работам на нешто реално, нешто што ќе има конкретна примена и значење, ме мотивираше и ми даде чувство на професионален развој. Ми се допадна предизвикот и сфатив дека ова е уникатна можност да се стекнам со драгоцено искуство и да научам многу. Истовремено чувствата на возбуда се мешаа со доза на неизвесност и страв за тоа како ќе се вклопам во тимот со луѓе кои прв пат ги запознавам, но знаев дека тоа искуство многу ќе ми помогне во понатамошната работа.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн и Академијата за Project & Product Management


Која цел и какви барања имаше за задача да исполниш? Дали на почеток ти изгледаа предизвикувачки? 

Дукица: Како член во тимот во својство на проектен и продукт менаџер, мојата улога беше двојна – менаџирање на проектот од аспект на време, обем и квалитет (проектен менаџмент) и координација на целосна продукт стратегија. Споделувавме идеи со тимот користејќи design thinking методологија, креирање на user personas, дефинирање на MVP, како и изработка на конкурентска анализа (продукт менаџмент). Имаше работа, но течеше во сосема нормален тек, земајќи предвид дека тимот беше скроз колаборативен!

Афијет: Целта беше да се воведат нови концепти за слатката веб-страница. Преку ефективна групна координација, на крајот постигнавме исклучителен исход. Како задача ја дизајнирав страницата зa Vegan Spa Products. Најтешкиот дел е често само да се започне. Откако ги презедовме почетните чекори, нашите заеднички напори течеа беспрекорно. Сепак, најголемиот предизвик беше ограничената временска рамка, бидејќи имавме само 48 часа да го завршиме проектот.

Ивона: На почеток, задачата ми изгледаше прилично предизвикувачка. Иако досега стекнав големо знаење на академијата, ова беше еден од првите реалени проекти со конкретни барања и очекувања од клиент. Се прашував дали во рок од 48 часа колку што траеше хакатонот, ние како тим ќе успееме да ги исполниме сите барања и дали ќе можеме да создадаме нешто што навистина ќе ги задоволи потребите на клиентот и корисниците. Како студент од Академијата за UI/UX дизајн можам да кажам дека корисничкото истражување и анализа на податоци како и примена на дизајн принципи ми беа од најголема помош при работа на проектот. Исто така, со работа во тим имав можност да соработувам и да учам од моите колеги.

dizajn za sugarwish

Како изгледа процесот на работа на реален проект? Што доаѓа прво, што во средина, а што последно?

Дукица: Најпрво и најважно – kick-off meeting со тимот. Со оглед на тоа дека на крос-академските проекти и хакатони членовите од тимот најчество не се познаваат. Секогаш на прво место е запознавањето за да се процени кој колку може да се посвети и како комуницираат членовите меѓу себе, но и да се види кој со какви вештини може да придонесе за успешно проектно решение. Потоа би го ставила планирањето, дефинирање на каналите за комуникација и алатките за работа, поделбата на активности по член, како и разбирање на барањата на клиентот, со што тимот е уште во самиот старт on the same page. И како последно, постојаната координација, следење на текот на работењето и комплетирање на решението заклучно со pitch-презентација. 

Ивона: Работата на реален проект бара структурирано пристапување и планирање за да се обезбеди успешна реализација. Првата фаза беше планирањето, каде ги дефиниравме главните цели и активности на членовите од групата. Ова ни помогна да имаме јасна визија за тоа што треба да се постигне и како да се организира работата. Понатаму следуваше  детализирање на дизајнот и креирање на прототипи. И последната фаза беа корекции и подобрувања на самиот дизајн и спремање за презентација пред клиентот.

Како поддршката од менторот ви помогна во процесот на изработка на овој проект?

Дукица: Имавме одлична комбинација на ментори од двете академии. Олгица од Академијата за Project & Product Management ни ги посочи клучните аспекти во врска со барањата – наједноставно можно решение во рамките на дефинираниот MVP, како и додавањето на delighters како функционалности кои ќе го задржат вниманието на клиентот. Од друга страна пак, Александар од Академијата за UX/UI дизајн, постојано го следеше нашиот прогрес и ни даваше конструктивен фидбек на сите менторски сессии и дополнителни сугестии кои ни помогнаа да стигнеме до победничко решение.

Ивона: За времето на хакатон имавме одлична комуникација со менторите од двете академии. Охрабрувањето и нивниот позитивен став беа најважни за одржување на мотивацијата и самодовербата. Поддршката од менторот Александар беше клучна во процесот на изработка на овој проект и имаше значително влијание врз напредокот и успешноста на проектот.

Кој дел ви беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направивте за да го надминете?

Дукица: За наша среќа, немавме особени потешкотии во текот на работата. Како потенцијален предизвик што можеше да ни ја одолговлечи работата би ја издвоила дилемата околу тоа како да воведеме нова линија на продукти на самиот landing page без сајтот да претрпи големи промени во самата навигација. Оваа дилема лесно ја решивме со тимска соработка и слушајќи ги советите од менторите.

Ивона:Најпредизвикувачкиот дел од проектот за мене беше дефинирањето и интегрирањето на функционалните барања. Овој дел беше вистински „head scratcher“ поради сложеноста и деталноста која беше потребна за да се вметне нова линија на производи на landing page-от, а истовремено страната да го задржи својот препознатлив изглед и лого.

Како е да се работи во тим со колеги од други академии? 

Дукица: Крос-академските проекти се можеби најдобрите проекти на Brainster. Тука студентите имаат шанса да видат како всушност изгледа работата во реалниот свет, како да се справат со различни карактери, како да комуницираат, но и како можат да учат едни од други. Во нашиот случај можам отворено да кажам дека самата да требаше да го бирам тимот на овој хакатон, немаше да изберам подобри членови од оние што всушност се паднавме да работиме заедно. 🙂

Ивона: Прво и најважно, работата во тим со product и project manager беше од голема важност кога станува збор за стратегиското планирање и управувањето со ресурсите на проектот. Успеавме да ги комбинираме нашите различни вештини и знаења за да креираме успешен проект. Ова искуство ме научи на важноста на комуникацијата, тимската работа и флексибилноста и ме подготви за идни професионални предизвици каде соработката со различни профили на луѓе ќе биде неизбежна. Проектот всушност ни овозможи да видиме како изгледа работата во реалниот свет и со кои се предизвици може да се сретнеме.

sugawish dizajn

За крај, која вештина би ја издвоиле како нешто ново со кое што се стекнавте?

Дукица: Дефинитивно pitch-презентација на прототип. Иако веќе работам како продукт менаџер, и сите работни обврски во врска со хакатонот ми беа познати и веќе применети, нешто ново што успеав да го искусам е презентирање на продукт стратегија во комбинација со дизајн решение во само 5 минути. Можам да кажам дека после долго време во животот почувстував трема пред презентација, но ова успешно искуство и вештина засекогаш ќе си ги носам со мене како една мала победа.

Ивона: Како нешто ново што го стекнав во работата на овој проект, најпрвин е работата со product и project manager, но би издвоила и вештината на управување со време и ресурси на проектот. Развив способности за слушање и разбирање на потребите и очекувањата на другите членови на тимот. Ова искуство го сметам како есенцијално за долгорочна кариера на сите членови од групата.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!