Како се креира Product Management Plan? – победничкото решение го споделуваат студентите од Академијата за Project and Product Management

Јасна Драгшиќ, Андриана Томовска, Славица Стојменовска, Маја Бојковска и Ана Даневска се студентките кои го сочинуваат тим 4 – тимот од Академијата за Project and Product Management кој освои победничко решение на реален проект со клиентот DNA Trails. Како изгледаше работата на овој проект ни открија нашите студентки од тим 4 – Јасна и Андриана.

Пред сѐ, што е DNA Trails?

DNA Trails е нов стартап кој има за цел да ги револуционализира патувањата и туристичките искуствата низ Северна Македонија. Идејата зад DNA Trails е да се спојат традиционалните вредности и руралните области со современи начини на патување следејќи ги современите трендови на патување во светот. Дигиталното решение на DNA Trails ќе служи како алатка која ќе им помогне на домашните и странските патници да ја доживеат Македонија во нејзиното најдобро издание, да ги истражат природните убавини со леснотија, како и да им обезбеди пристап до навремени и проверени информации.

Која беше задачата на студентите?

Задачата на студентите во овој реален проект беше тие да креираат Product Management Plan, а беа менторирани од страна на инструкторката од академијата за Project and Product Management – Олгица Стрезовска. Како изгледаше тој процес, ни откриваат Јасна и Андриана.

Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?

Јасна: Ќе излажам ако кажам дека не чувствувавме притисок и огромна одговорност пред себе, а потоа и пред менторот и клиентот за изработување на проектната спецификација. Но, откако започнавме со работа на истата навлеговме во problem-solving mood и решававме еден по еден проблем за да стигнеме до конечното решение, кое пак испадна да биде и победничко.

Андриана: Кога треба да се изработи проектна спецификација, честопати се чувствувам преоптоварена од бројните детали и роковите. Сепак, ако се организирам добро и ја разбирам методологијата, можам да се чувствувам уверено и мотивирано да ја завршам задачата успешно.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за Project and Product Management!


Која цел и какви барања имавте за задача да исполните? Дали на почеток ви изгледаа предизвикувачки?

 
Јасна: Целта беше да создадеме решение кое понатаму ќе овозможи развивање на целосниот продукт, односно апликацијата за искуства и патувања DNA Trails. Стануваше збор за огромен предизвик, за кој иако во глава имавме јасна визија како сакаме да изгледа и функционира сепак за да стигнеме до таму вложивме многу труд и време, состаноци, согласувања и несогласувања како и во секој тим. 

Андриана: Целта на задачата беше да се развие детална спецификација за управување со производ, вклучувајќи цели, функционалности, и потребни ресурси. На почеток, барањата ми изгледаа предизвикувачки поради комплексноста на интеграцијата на различни аспекти.

Како поддршката од менторот ви помогна во процесот на изработка на овој проект?

Јасна: Благодарение на насоките и помошта од менторката Олгица ние всушност и успеавме да го надминеме стравот од обемната работа и двоумењето дали имаме доволно знаење да го изработиме сето тоа што се бараше од нас. Без нејзините јасни и прецизни насоки, како и трепението кое го имаше за нас немаше да стигнеме до тука. Посветен ментор кој сака да го пренесе знаењето и да се вложи заедно со студентите е половина завршена работа. Благодариме Олгица!

Андриана: Поддршката од менторот – Олгица Стрезовска беше клучна за нашиот успех во изработка на проектот. Нејзината експертиза и постојана насока ни овозможи да ги разјасниме сложените аспекти на спецификацијата и да ги примениме најдобрите практики,и квалитетот на проектот.

Кој дел ти беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher и што направи за да го надминеш?

Јасна: Имаше неколку head-scratcher моменти, кои ги решававме така што се навраќавме на лекциите кои ги изучувавме во текот на академијата како и домашните кои ги решававме. Овие моменти ги надминувавме со меѓусебна тимска поддршка, помош од менторот да нѐ врати на вистинскиот пат и желбата да сработиме навистина на ниво.

Андриана: Најпредизвикувачкиот дел беше дефинирањето на точните функционалности и кориснички потреби за апликацијата, особено кога требаше да се истражат различни видови на податоци и услуги. Овој дел беше вистински „scratcher“ бидејќи требаше да се предвидат сите потенцијални сценарија и да се задоволат потребите на различни типови на корисници – истажување на пазарот.

Како е да се работи во тим?

Јасна: Работата во тим со луѓе кои пред сѐ не ги познаваш е навистина предизвикувачка, но сите сме со иста цел – да изработиме успешен проект и да научиме што е можно повеќе низ работа. Како и во секоја тимска работа имавме несогласувања кои ги надминувавме со разговор, компромис и keeping an open-mind.

Андриана: Работата во тим нуди многу предности, но исто така носи и предизвици. Позитивно е што можам да соработувам со колеги кои имаат различни вештини и перспективи, што помага за создавање на поиновативни решенија и за поефективно решавање на проблеми. Сепак, важно е да се менаџираат различните мислења и стилови на работа, да се комуницира јасно и да се постигне согласност околу целите и обврските на секој член на тимот. Со добро управување и отворена комуникација, тимската работа може да биде многу продуктивна.

За крај, која вештина би ја издвоиле како нешто ново со кое што се стекна?

Јасна: Низ текот на целата академија имав можност да развивам разни вештини, а и да се стекнувам со нови, што беше исклучително важно за мене при уписот на оваа академија. Од технички вештини, меѓу другото, од Product делот би издвоила изработување на wireframes.

Андриана: Како нешто ново што го стекнав, би ја издвоила способноста за стратегиско планирање и управување со сложени проекти. Научив како да ги координирам различните аспекти на проектот, да ги идентификувам и управувам со ризиците и да го оптимизирам процесот за постигнување на најдобри резултати. Оваа вештина е особено важна за успешна реализација на проекти и ќе биде корисна во иднина.

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉