Запознај ја Јасна Драгшиќ – Dream team студент на Академијата за Project & Product Management за април 2024.
Мојата позадина е…
Дипломиран толкувач од англиски на македонски јазик и обратно и од германски на македонски јазик. Работам од свои 18 години, па така имам 14 години работно искуство во повеќе области, а во последните 5 години работам во компанија од IT областа, каде три години сум и супервизор на тимот.
Областа ја избрав затоа што…
Сметам дека имам одлични вештини кои ги развив низ различните работни позиции и оваа Академија само ги зацврстува моите познавања, а ми отвори и нови хоризонти на знаење.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Работата во тим со луѓе кои само што си ги запознал и тоа онлајн. Ги вежбаш и усовршуваш своите комуникациски вештини, дополнително учиш од секој еден со кој што имаш можност да работиш на некоја од домашните, а и на реалните проекти.
Најгорда сум на…
Сработените домашни задачи од модулот Achieving Product-Market Fit и модулот Agile and Design Thinking Methodologies, бидејќи работевме на создавање на продукт решение за реален проблем кој сметаме дека го има таргетирана група на луѓе.
Мојот омилен модул е…
Achieving Product-market Fit и Agile and Design Thinking Methodology. Научив да гледам на еден продукт како решение за проблем од некоја друга страна. Низ овие модули може да ја видиме и „позадината“ на било кој продукт, односно да размислуваме од страната на бизнисот, од каде излегува потребата за еден продукт и вредноста на истиот.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Олгица Стрезоска која со својата човечност, посветеност и желба да го пренесе своето знаење придонесува за тоа со елан да го следиш предавањето и да си дел од интерактивните вежби кои се секогаш забавни. Несебично го делеше и своето време со нас, водејќи нè и советувајќи нè како правилно да ги направиме домашните, за да е сигурна дека целосно и точно сме го разбрале материјалот и истиот го применуваме.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Академијата ми помогна да сум посамоуверена во своите вештини, ми помогна во своето менаџирање, а и во менаџирањето со други луѓе. што е многу важно тоа да е правилно, за напредување во мојата кариера. Сепак, Project manager и Product owner се улоги кои се основаат на менаџирање на тимот, нивните обврски, со една цел – затворање на успешен проект.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Би ги посоветувала да се искрени со себе за што е тоа што им недостасува како вештина, во што би сакале да напредуваат и да не се плашат да започнат со (до)едукација на било која возраст. Време секако никој нема, па што е уште една обрска, која што на крајот ќе ти донесе реален бенефит!