Запознај го Божин Трпевски – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Mangement за јуни 2024.  

Мојата позадина е


По формално образование сум теолог, магистер по црковно право, а зад себе имам и 7-годишна freelance кариера во графички дизајн. Пред 3 години станав дел од IT светот и моментално работам како Data Consultant во IT компанија и како координатор на Дата академија која е дел од неа.

Областа ја избрав затоа што…

Отсекогаш природно сум се пронаоѓал во улогата на организатор и некој што се грижи за ефективноста при соработката на членови во различни тимови. Проектниот и продуктниот менаџмент ми овозможуваат да комбинирам различни интереси: љубовта кон организирање на процеси кои водат кон финален продукт, страста за подучување и менторство, и желбата да се соочам со предизвици и да најдам нивно решение.  

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Научив многу лекции, но би издвоил две:

  • Однапред подготвениот менаџер е најдобриот менаџер.  
  • Најважниот аспект за успешно менаџирање е да се разбере суштината на servant leader – односно тоа дека менаџерот е оној што му овозможува на секого да биде најдобра верзија од себеси низ животниот век на проектот. 

Најгорд сум на…

Особено сум горд на две работи:

  • беспрекорната соработка, пишување на домашни, учење и давање на взаемна поддршка во мојот тим за проектен менаџмент
  • успешното учество на три хакатони, иако сум само на половина од предвидената програма 

Мојот омилен модул е…

Од поминатите модули за проектен менаџмент, би рекол дека омилен ми е Project Risk Management, поради тоа што бара најмногу претходна подготовка за да се предвидат ризиците што е можно поточно. Дополнително бара и флексибилност и креативност при решавање на ризиците кои се појавиле, а не сме ги предвиделе.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Ако морам да издвојам, тоа би бил Огнен Трипуноски, кој најмногу ме поттикна да „размислувам со своја глава“ и да верувам во своите проценки. Згора на тоа постојано даваше насоки со реални примери и научени лекции од лично искуство, кои се од непроценлива важност. Многу сум благодарен и на менторките Ивана Божиновска и Олга Пујаз Петрушевска, кои ме водеа низ хакатонското лудило.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Brainster има веќе докажан начин на отварање врати кон пазарот на труд, особено преку целото вмрежување на контакти што се случува како дел од сите јавни настани што ги организирате. Станав дел од истото и се надевам дека наскоро ќе најдам место на кое би ги употребил новостекнатите знаења.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Секоја инвестиција во себе е најдобра инвестиција, а Brainster е местото каде што ќе го реализирате тој „личен профит“. За оние кои се запишани – бидете максимално проактивни и трудољубиви, светот чека да биде освоен и воден од посветените, креативните, љубопитните и неуморните! 


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Project and Product Management


Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА