Запознај ја Љупка Зафировиќ – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец август 2023.
Име и презиме: Љупка Зафировиќ
По професија: Економист-финансиски менаџмент
Академија: Академија за Project & Product Management
Зошто баш оваа област: Го сакам менаџментот, предизвиците, фактот што не е резервиран само во една област, што се применува насекаде дури и во приватниот живот, вештините кои се стекнуваат се критични во многу индустрии и сектори, нуди можност за напредок и во исто време е интересен.
Што те мотивира постојано да учиш: По природа сум љубопитна, а конкретно на Aкадемијава начинот на организација на часовите, достапност на материјалите, поддршката и разбирањето од инструкторите. Ова ми овозможи да учам со мое темпо и да го комбинирам со моите обврски на начин на кој јас одлучувам.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како за еден ист проблем има толку многу различни гледишта и решенија од различни луѓе, а во исто време сите се точни, само се гледаат од различна перспектива.
Омилен модул и зошто: “Project Budgeting and Scheduling“. Ги сакам финансиите, учиш како да управуваш со финансиски ресурси и распределбата на време за еден проект, помага во развивањето на вештини за планирање и контролирање на ресурсите, подготовка и превенција на потенцијални проблеми. Со добро изработен буџет и распоред, ги зголемуваш шансите за успешно завршување на проектот во рамки на буџетот и времето.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите! Не, навистина не би можела да одвојам некој. Можеби звучи како клише, но вистината е таа. Сите се супер на свој начин, различни, но сите се исти во поглед на нивната подготвеност, стручност да го дадат својот максимум и да го извлечат нашиот максимум. Тоа им е заедничка карактеристика. Како се менуваат модулите, така се менуваат инструкторите и секој носи свежина која те поттикнува и ти дава сила да продолжиш. Секогаш се достапни и спремни да помогнат. Поздрав до сите и најголема благодарност за трпението и поддршката.
За 5 години сакам да бидам: Да завршам уште некоја област од Академијава, навистина се навлекуваш. Сакам да продолжам да се изградувам во оваа насока.
Хоби: Читање книги и готвење
Омилена книга: Има многу. Нека биде последно што ми оставиле впечаток: “Losing My Virginity“ – Richard Branson. и “Onward“ – Howard Schultz.
Омилен цитат: „Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален: важна е храброста да се продолжи.“
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
