По професија екологист на Природно математичкиот факултет во Скопје, Анѓела Манчевска по завршување на Академијата за дигитален маректинг, својот завршен проект го изработи за Лице в лице, активистичко списание кое го промовира моделот на социјално претприемништво.
И поставивме неколку прашања за нејзиното искуство на Академијата и соработката со „Лице в лице“.
Како се одлучи за дигитален маркетинг?
Додека студирав, истовремено работев и добив впечаток дека имам одлична комуникација со луѓе. Впрочем, некои постојано се враќаа да купат нешто од кај мене бидејќи таков впечаток сум им оставила. Со текот на годините, станував се подобра и утврдив дека сама си ги рекламирам производите кои ги продавам во моментот. Тоа беше всушност пресвртот каде што маркетингот преовлада и одлучив да се насочам по тој пат. Во меѓувреме, го паузирав факултетот и се запишав на вашата Академија.
Која беше причината да ги одбереш „Лице в лице“ како компанија за која ќе го изработиш својот завршен проект на Академијата?
Социјалното претприемнишнто ме „влечеше“ уште пред некоја година кога аплицирав на натпреварот Social Impact award со идејата за Градини на покрив (буквално, со изолација, со земја на покрив, со се’). Тогаш всушност и се запознав со списанието „Лице в Лице“ од кое останав воодушевена од начинот на двојно добро и концептот со кои тие го развиваат списанието. Кога ми беше понудено како завршен проект, бев во недоумица, бидејќи сепак станува за комплициран бизнис модел со уште покомплицирани маркетинг активности и со ограничен буџет (сепак јас сум „fresh of the oven“ маркетер), меѓутоа, ако една работа научив во годиниве тоа беше да го живеам животот со полн здив и да не дозволам стравот од новото и непознатото да ме спречи. Во одреден момент си реков, ок, go for it, и одлучив. Девојките со кои работев беа прекрасни, се што ми беше потребно ми дадоа и со нивна и ваша помош успеав да направам добар завршен проект. Во процесот огромна благодарност до Александра од Laika за несебичното отварање на календар во ниедно време и Дарјан за проверките и воедно извинување за сето тоа.
Кажи ни за местата и позициите на кои си работела до сега и за она што го научи и стекна како искуство таму?
Лани во Септември се вработив во холандската фондација INVK, како social media. Важно е да се спомне бидејќи таму освен социјалните медиуми, научив и да работам во CRM платформа и тоа беше дополнително подбутнување во тој правец. Освен тоа, работев веќе и на платформа за автоматско праќање на мејлови и пред на напуштам почнав дури и во код да чепкам (HTML основите). Во септември се вработив таму, во октомври се запишав во Brainster, а во декември добив стипендија за LeanSem Aкадемија. Тука веќе сфатив и дека натаму ми е среќата. Во декември си го паузирав факултетот, февруари веќе почнавме со спринтот. Тоа е тајмлајнот што се случи.
Ако сакаш да бидеш дел од Академијата за дигитален маркетинг, аплицирај тука.
Што сакаш да постигнеш од тука па натаму? Во кој правец сакаш да се движи твојата кариера?
Се’ уште немам конкретно одлучено. Генерално, мене ми се допаѓа целата приказна што се случува околу маркетингот, секој бизнис си е различен со различни цели и секако не можеш да бидеш добар маркетер доколку не ги имаш сите потребни информации. Генерално ме привлекува SEO (како нешто комплетно ново за мене) и рекламите на Facebook и Google заедно со аналитиката. Меѓутоа не можеш да ги гледаш посебно, за мене секогаш ќе бидат дел од едно цело. Со други зборови, јас се заљубив во приказната која што се случува, а не со сегмент од неа. Желба и мотивација за напредок ми е самонапредување секако, да правам добро и доколку успеам барем дел од општествово да подобрам, јас ќе бидам пресреќна (во однос на невработеност, бездомништво, едукација, бездомни животни, итн.).
Имаше денови кога не можев да постигнам. Сепак, ако ме прашате, пак би го направила истото, пак би вложила исто толку снага, трпение и љубов во се што правев. Ви благодарам што ме научивте како да си ги поместам границите и да се надминам сама себе.
За да ја заокружиме целата приказна, ни помогна и Маја Раванска од Лице в лице, која се осврна накусо на соработката со Ангела и Академијата на Brainster.
Ние во „Лице в лице“ и во Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ (издавач на списанието) многу ја почитуваме работата на „Бреинстер“ и големиот придонес кој го дава ова училиште на иднината во нашето општество во делот на образованието. Чест ни е што сме дел од програмата Learning partners, во чии рамки работиме со студентка од Академијата за дигитален маркетинг. Ангела успеа да ни даде нов поглед на аспектите кои ги работиме, а со нејзините идеи во оваа област, значително ќе се подобри доближувањето на „Лице в лице“ до уште поголема публика. Очекувајте да ве вклучиме сите вас, со кои заедно ја движиме промената кон подобро, одржливо „утре“.
Ако сакаш и ти да учиш маркетинг работејќи на реални кампањи под водство на маркетинг професионалци, резервирај го твоето место на Академијата за дигитален маркетинг за која уписите веќе се во тек!