Фудбалот е неговата прва љубов и негов прв работен ангажман. Иако во меѓувреме нашол нов кариерен предизвик, почнал да се интересира за маркетингот и развил свој бизнис за храна, пасијата кон спортот не го напуштила. Леон Најдовски сѐ уште се занимава со фудбал, играјќи во професионален клуб во Виена, Австрија.  Талентот за маркетинг, пак, едукативно го надградил на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Постојано совладува нови вештини, а моментално учи Front-end програмирање. Успешно „дрибла“ на сите три фронта: спорт, бизнис со храна и дигитален маркетинг. 

Го контактиравме во Виена, каде што игра за ФК Мауерверк и истовремено, од далечина, го предводи тимот на FitGuru MK, каде што фигурира како ко-основач и CEO. На полувреме од сите обврски ни ја раскажа својата приказна. 

„Уште од мали нозе се занимавам со спорт, односно фудбал. Фудбалот е мојата прва љубов, мојата прва работа, мојата прва пасија. Ден-денес сѐ уште професионално се занимавам со фудбал. Е, сега сигурно ќе се запрашате – од каде па сега маркетинг, SEO и слично? За време на короната, кога целиот свет запре, решив да се вработам привремено, додека фудбалот беше во мирување. Се вработив во тогаш новооснована компанија за достава на храна, бидејќи тогаш малку индустрии имаа опција за работа.

Тука работев како оперативен менаџер и ја делев истата соба со тогашните маркетери на компанијата. Иако не беше моја бранша, често споделував идеи, учествував во нивните дискусии и маркетинг кампањи. Оттука доаѓа и желбата да се доедуцирам во правец на дигиталниот маркетинг“, вели Најдовски.

 

 

Како настана приказната на FitGuru MK? На што е фокусиран вашиот бизнис?

Приказната FitGuru MK се разви паралелно додека работев и ја посетував Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. До идејата дојде тогашниот сопственик на компанијата во која што работев, јас го увидов потенцијалот кој може да го има овој тип на бизнис и решивме заедно да се пуштиме во оваа авантура, која трае ден-денес. FitGuru МК е направена со една цел – да им овозможи на клиентите повеќе слободно време, а притоа да се хранат здраво. Имаме широк спектар на корисници –  од тинејџери, па сѐ до пензионери. Но, најчести клиенти ни се луѓето од ИТ-индустријата, доктори, директори и слично. Мотото ни било секогаш исто, а тоа е „Храни се здраво и заштеди на време и енергија”.

 

Кои се твоите обврски како CEO, како изгледа динамиката на твојот работен ден?

Додека бев во Скопје, работниот ден ми започнуваше во 5 часот наутро. Утринското кафе го пиев во кујната, заедно со нашите готвачи, додека ги спремаа оброците за тековниот ден. Сакав да присуствувам секој ден и да го проверувам квалитетот на работа и на оброците, плус доста често знаев да засукам ракави и да помогнам кога гледав дека има премногу работа. Откога ќе завршеше целиот процес на подготовка и достава на оброците, стресот полека се намалуваше, и тогаш седнуавав да ги подготвувам работите за следниот ден. Тука спаѓаа активностите во логистика, маркетинг и продажба.

 

Иако не живееш во Македонија, сѐ уште си посветен на FitGuru MK. Како функционираш со останатиот тим?

Да точно, изминатава година добив понуда да ја напуштам државата, да се преселам и да го правам тоа најмногу што сакам во Виена, Австрија – да играм фудбал. На почетокот мислев дека со самото тоа што нема да бидам присутен во операциите на FitGuru MK, ќе биде проблем за компанијата, но напротив, најдовме солуција и сега за сега функционираме супер. Со тимот комуницираме секојдневно и се сложуваме одлично. 

 

 

Ти си алумни на Академијата за дигитален маркетинг на Breinster. Зошто реши да се запишеш на оваа академија и кога ја заврши?

Додека работев  во претходната фирма делев иста просторија со маркетерите и многу често учествував во создавање и реализација на маркетинг кампањите, од социјални мрежи, email кампањи до организација на инфлуенсери. Сето ова ми се виде многу интересно, супер се снаоѓав и најчесто моите идеи се реализираа, па така одличив да се надградам со академијата на Brainster.

 

Кои се најважните нешта што ги научи за време на академијата? Коку си задоволен од програмата, инструкторите и модулите и какво искуство беше тоа за тебе?

На Академијата реално има доста многу што да се научи. Пред да се запишам мислев дека доста знам, и дека маркетинот е едноставен (пушти реклама и уживај 😀), но на крај не излезе баш така. После академијата, на маркетингот гледав со други очи, сите реклами и кампањи што ги гледав, без разлика  дали беа на социјални мрежи, билборди или телевизија, ги доживував подлабоко и им ја разбирав поентата. За професорите можам да кажам дека се со солиден background, предавањата им се одлични, знаат да направат интеракција со студентите и да го пренесат нивното знаење на најлесен начин.

 

Колку овие знаења практично ти се најдоа по завршување на предавањата и колку сега ги применуваш, водејќи ја компанијата? Одржуваш ли контакт со Brainster?

Brainster е како добра прочитана книга, не се заборава. Академијата секако дека ми беше од голема помош за водење на компанијата. Едни од многуте беа предавањата за WordPress, кој доста ми помогнаа во создавање на нашиот е-commerce веб-сајт. 

 

Колку дигиталниот маркетинг е во подем во моментов кај нас? Дали има побарувачка на пазарот на трудот за ваков вид специјалисти?

Со дигитализацијата на современиот свет, дигиталниот маркетинг изминативе години завзема голем удел и мислам дека нема да престане. Константо ќе растне и ќе се шири се повеќе и повеќе. Можам да кажам дека дигиталниот маркетинг за бизнисот е моментално што и храната за човекот. Затоа се одлучив за двете, работа со храна и дигитален маркетинг 😀.

 

Леон Најдовски (десно) со Илчо Наумоски, кој е менаџер на клубот Мауерверк во Виена
 

Која е насоката во која се движи дигиталниот маркетинг? Кои се новите вештини кои треба да ги научат маркетерите за да останат релевантни и потребни за пазарот? 

Па искрено, од тоа што го читам на интернет, гледам дека AI има потенцијал да ја смени играта, но сѐ уште е рано. За Македонски пазар не знам колку АI игра улога и дали се користи. Ние лично како компанија и немаме некоја потреба од AI моментално. Без разлика, најбитната работа е да се разбере поентата на маркетингот па трендовите лесно ќе се вклопат во приказната.

 

Дали имаш време за себе, за учење, надградба, читање…како се информираш за новините? Дали учењето заврши со академијата или продолжи со надградба во меѓувреме?

Искрено поглемиот дел од денот го посветувам на компанијата и на спортот, од времето што ќе ми остане, а е релативно малку, учам германски јазик. Учењето не ми заврши со академијата, по нејзиното завршување исто така завршив курс за SEO, а моментално учам и Front-end програмирање.

 

Може ли да ни кажеш малку повеќе за себе, кои се твоите интереси, имаш ли хоби, како се релаксираш после 17ч и за време на викендите?

За себе можам да кажам дека сум позитивен лик, кој сака да се дружи и забавува. Многу сакам да посетувам теретана, но моментално немам време за тоа. Слободно време речиси и да немам, бидејќи најчесто за викендите играм натпревари, но доколу имам најчесто го користам за добро кафе и прошетка низ Виена. 

 

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за дигитален маркетинг за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во дигиталниот маркетинг.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.