Интегрирани маркетинг комуникации со Љупка Наумовска

Иновативноста во начинот на комуницирање со јавноста може целосно да ја измени иднината на компанијата. Начинот на кој се пренесуваат пораките треба да биде преку интегрирана маркетиншка кампања со координирана употреба на односите со јавностa и правилно користење на маркетинг техники.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

На модулот за Интегрирани маркетиг комуникации со Љупка Наумовска, на Академијата за дигитален маркетинг, учесниците се запознаа со различни традиционални и нетрадиционални маркетиншки дисциплини. Ги утврдија принципите и праксата на креирање релевантни содржини и ланирање на целосни маркетинг кампањи. Откако на претходните модули изработија креативни планови за маркетинг кампањи, стигнаа до релевантни buyer персони, работеа со Facebook и Instagram рекламирање, оптимизираа според KPI’s, на модулот за Интегрирани маркетинг комуникации направија спој од досега наученото за стратешки маркетинг.

Преку интерактивни работилници покажаа дека одлично раководат со буџетирање и прават правилна дистрибуција преку on-line и off –line канали. За креативниот дел воопшто не треба да се прашува – со out of the box пристапи беа креирани примери by the book. Работата на предизвиците од инструкторот Љупка Наумовска течеше динамично, на моменти тензично, за на крај да произлезат одлични IMC планови и буџети.

Што успеавме да изработиме?

  • Стратегија за рeпозиционирање и ребрендирање на бренд гигант од прехранбената индустрија;
  • Развивање на политичка PR стратегија;
  • Стратегија за воведување нов производ за реномиран бренд од млечната индустрија.

Секој предизвик беше презентиран пред колегите за што се добиваше супер feed back, проследен со конструктивни критики. Ваквиот начин на работа донесе одлични резултати и ги подготви учесниците за конкретна реализација и високи резултати на нивните понатамошни маркетинг стратегии.
Најважно од се е, што уште еднаш потврдивме дека брендот е многу повеќе од приказна, creative brief не е обично парче хартија и дека точките се поврзуваат со вистински спој на маркетинг канали.

 

Програмата за Академијата за дигитален маркетинг, види ја тука. 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА