Клиентот од Албанија, Kungul App, доби нова бренд стратегија благодарение на студентите од Академијата за дигитален маркетинг кои работеа на овој реален проект. 

Од победничкиот тим 4 разговараме со Ана-Бела и Александра за нивното искуство на овој проект, како и целокупното доживување на Академијата:

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе? 

Александра: 
Се викам Александра, и за себе можам да кажам дека љубопитноста и желбата за истражување и константно надоградување ми се главна особина! со Brainster се посветив на усовршување на моите вештини и експертиза во светот на Дигиталниот Маркетинг, и цврсто верувам во моќта на Hard Working и постојаното доусовршување кои во моја пракса резултираа со прв победнички проект за реален клиент.

Ана Бела:
Digital Marketing ме исполнува затоа што обожавам креативност, стратегија, out of the box thinking  и секако сум со по-екстровертна природа, па работа со луѓе ми е секогаш интересна. Највеќе сакам предизвици и иновативност во дигиталниот маркетинг, затоа што кога ќе решиш проблем чувството е бесценето.

Како дел од Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да изработите проект за клиентот Kungul.app. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини? 

Ана Бела:
Кунгул беше еден преинтересен проект во кој дополнително ми се разви љубопитност во дигиталниот свет. Целта ни беше направиме стратегија, во која насока да оди Кунгул со нивната  апликација. Моите вештини се развија при креирање на сосема нов изглед на апликацијата како и лого, и секако размислувавме на сите потенцијални луѓе кои би имале бенефит од оваа апликација. Развив навика да размислувам мнгоу по-аналитички, компетитивно и иновативно. Најголемиот предизвик кој што си го поставив, беше да да се смисли решение, κοе не постои на маркетот и како Кунгул ќе биде поразличен од своите конкуренти, а со тоа стигнавме до многу иновативно решение. Кунгул е мојот прв проект во Brainster и многу се гордеам со нашиот финален продукт ! 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него? 

Александра:
Искрено, Кунгул беше вистински предизвик! Се работи за апликација на клиент од Албанија, проект кој бараше доста креативност, многу посветеност и непреспиени ноќи 🙂 Идејата зад Кунгул е родена од длабокото разбирање на предизвиците и фрустрациите со кои се соочуваат потрошувачите кога се обидуваат да направат информиран избор за козметиката што ја користат. Ние веднаш се вклопивме во креирање доста уникатни идеи до најситен детал кои на крај ги имплементиравме во победнички проект. 

Овок проект ни отвори нови хоризонти и стимулација да продолжиме со студирањето, надоградувањето со уште поголем интензитет!

Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете? 

Ана-Бела Јовческа:
Најголемиот предизвик беше да се визуелизира оваа идеја во рамките на времето кое што ни беше дадено. Начинот на кој успеавме во ова е со тоа што јас и Александра секој ден комунициравме, си дававме идеи, често правевме brainstorming и секако се организиравме многу добро. Секој ден имавме цел која што требаше да се исполни, и секако убавата работна атмосфера ни помогна да завршиме се што имавме замислено.  

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете? 

Процесот беше доста интересен благодарение на заемната поддршка и преубавата соработка која ја имавме со Ана-Бела. Буквално бевме лавина од креативни идеи секојдневно, а крајната цел беше да го преточиме замисленото во проект кој од прв впечаток го купи вниманието на клиентот 🙂

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект?

Ана-Бела Јовческа:
Чувството беше еуфорично и на моменти стресно. Секако имаш deadline и имаш  идеја, тука е стресниот дел, но и во најстресните моменти нашиот инструктор Виктор беше тука да не поддржи и да ни даде насока. Иако се соочувавме со предизвици, секогаш кога ќе ги надминевме, бевме пресреќни и веднаш продолжувавме со остатокот од работата на проектот, со уште подобро темпо 😀  

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?

Александра Илиев:
Дигиталниот Маркетинг е доста интересна и креативна гранка каде што како индивидуалец имаш простор да напредуваш многу, и тоа е клучното што ме мотивираше да започнам кариера токму таму.

Сметам дека е еден доста динамично и постојано растечко поле каде може да ги проширите своите хоризонти, знаења, креативност и аналитички способности.

 

Ана Бела Јовческа:
Мојата мотивација потекнува од мојата креативна историја. Сакав да градам кариера во интерактивно,креативно поле каде што оставам дел од мене во се што создавам. Дигиталниот Маркетинг ми е екстремно забавен бидејќи соработуваш со креативци и секогаш сакаш да се надоградуваш и да размислуваш како да допреш до поголема публика, секако на креативен и стратешки начин. Тоа е можеби и најголемиот предизвик, но мене предизвици ме мотивираат.

 

Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија? 

Aлександра Илиев:
Конкретна задача и бариера немавме, заедно работевме синхронизирано на цел проект што ни помогна да си ги сплотиме идеите и да се изразиме по креативно. Имавме само една главна цел, во која бевме и сигурни, а тоа е секако победнички проект за реален клиент.

И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?

Александра Илиев:
Секогаш инвестирајте во себе преку образование бидејки е инвестиција со огромен повратен резултат.

На оваа патување кон личен раст и развој од преголема помош се прекрасните инструктори кои несебично ви ја пружат својата поддршка и знаење и го симплифицираат целиот процес кон нова кариера во дигиталниот свет.

Ана Бела Јовческа:
Најважната лекција беше дека се што учиме и работиме, е до нас. Колку повеќе ќе се вложиш, ќе следиш предавања и имаш желба да постигнеш нешто, толку подобра награда ќе добиеш.

 

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за дигитален маркетинг за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.