Студентите од група 43 на Академијата за дигитален маркетинг имаа можност да ги применат своите стекнати знаења преку проект за клиентот BitBite.
Нивната задача беше да изработат landing page за клиентот, а решението на Борјан Тасевски се истакна како најдобро и најуникатно.
Во продолжение разговараме со Борјан за неговите впечатоци од проектот, но и од целата Академија:
Здраво Борјан, би сакал ли да ни споделиш нешто за себе?
Здраво на сите! Јас сум Борјан Тасевски. Имам 19 години и сум студент на академијата за дигитален маркетинг на Brainster.
Нешто повеќе за мене: Креативен сум, брзо развивам вештини во работите кои ги учам и не се откажувам од сонот да бидам Digital Marketing Expert.
Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?
Прекрасно искуство. Материјалот е детално објаснет. Покрај часовите има доволно време да се разгледа сето тоа што сме го учеле и преку задача да се испраксира. Со инструкторите има друштвена комуникација која ни ја зголемува самодовербата која ни е потребна за понатамошни интервјуа.
Раскажи ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?
Целта на овој проект беше да се направи Landing Page каде што клиентите на BitBite ќе може детално да се запознаат со бенефитите и начинот на употреба на QR мениата.
Од каде ја црпеше инспирацијата?
Со детално истражување и анализа на пазарот и конкурентите на BitBite успеав да ги извадам сите позитивни работи кои создадоа еден прекрасен Landing page.
Што би ни раскажал за чувството да се работи на еден ваков проект?
Чуството е интересно бидејќи лично јас не барам мислења и знам кога нешто е добро, но, за овој проект ми требаа доста мислења од моите блиски како да ја подобрам landing страницата, што им се допаѓа, а што не. За да се почувствувате вака треба да сте дел од ваков проект.
И за крај, колку си задоволен од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?
Задоволството е големо да се биде дел од Академијата на дигитален маркетинг која нуди знаења пренесени на искрен начин од инструкторите. Реалните проекти се поттик и мотивација да го го искажеш најдоброто знаење од себе.