Студентите од група 41 на Академијата за дигитален маркетинг добија предизвик да ги применат стекнатите знаења и вештини во проект за клиентот Intertec. 
Целта на проектот беше да се изработи Content marketing стратегија, а решението на Катерина Ефтимова беше највпечатливо и се издвои како победничко.

Затоа, разговаравме со Катерина и ја замоливме да ни ги сподели нејзините впечатоци од овој предизвик, но и од целокупната академија:

Здраво Катерина, најпрво, сподели ни нешто за себе.

Јас имам 20 години и живеам во Австрија од 12 годишна возраст. Причината поради која се одлучив да почнам со градење на кариера во Македонија е мојата фасцинација со стручниот кадар во нашата мала државичка. 🙂 Набљудувам како сѐ повеќе и побрзо расте дигиталната индустрија кај нас и се проширува ни светот, па решив дека сакам да бидам дел од оформувањето на дигиталниот маркетинг на нашите простори, па и пошироко.

 

Ти си една од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?

Многу сум позитивно изненадена од целокупното искуство на академијата. Земајќи предвид дека класичниот модел на школување и учење не им одговара на сите, вклучувајќи ме и мене, морам да признаам дека пристапот што Бреинстер го има кон учењето предобро функционира за мене. Учење преку имплементација на стекнатото знаење на реални проекти, т.е. преку пракса се докажа како доста добар начин за развој на моите способности во областа на дигиталниот маркетинг. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?

Целта на овој проект беше да се развие план за контент за компанијата Интертек. Поточно, мојата задача, да кажеме, беше да дадам неколку нови примери од друга перспектива за поразличен пристап кон контент маркетингот на Интертек. Тоа вклучуваше развивање на месечен и неделен контент план, како и давање пример за објави на социјалните мрежи. Најважното, според мене, беше да се најде интересен и истовремено едукативен начин да се сподели мисијата и визијата на Интертек со публиката.

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Првиот чекор ми беше да се информирам околу Интертек. Како индивидуа со минимално програмерско знаење морав да научам што воопшто прави Интертек за да можам да ги претставам во најдобро светло. Поради тоа што тие исто така имаат малце посериозен и професионален tone of voice (начин на кој што една компанија се обраќа на публиката и каков впечаток сака да остави за карактерот на брендот) црпев доста инспирација од LinkedIn, главната професионална платформа. На интернет пребарував статистики околу тоа каков тип на објави добиваат најмногу внимание и слично. Морам да признаам дека и AI алатките играа некоја улога во сработувањето на овој проект. 

 

Што би ни раскажала за чувството да се работи на еден ваков проект? 

Сметам дека крајните резултати го рефлектираат вложениот труд кој што се добива само со мотивација и желба да се задоволи клиентот.  Тоа оди рака под рака со возбудата околу работењето за вистински клиент како студент. Морам исто да напоменам дека инструкторката за тој модул, Ива, ни беше голема мотивација и поддршка на сите студенти, не само на мене. Тоа предизвика уште повеќе желба за успех и секако, желба да ја направам Ива горда како нејзина студентка. 🙂 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?

Презадоволна сум со целиот процес, вклучувајќи го запознавањето со клиентот и константниот контакт со нив. Тоа што најмногу ме прави среќна е тоа што мојот труд се препозна, е ценет и исто така прекрасно компензиран со endorsement од Интертек.  

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новите Brainster+ Академии за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА