Анастасија Васева  е алумни од Академијата за дигитален маркетинг која се реши да направи целосна кариерна трансформација и се вработи веднаш по нејзиното завршување како дигитален маркетер. Нејзиното работно место е компанијата Eventive, каде што Анастасија ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од Академијата за дигитален маркетинг.


Во продолжение, си поразговаравме со неа за нејзиното ново работно место и искуството од оваа Академијата



Здраво Анастасија 🙂 за почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?


Здраво,здраво! За почеток, јас сум Анастасија, имам 23 години и од неодамна можам да се претставам себеси како дигитален маркетер! Обожавам да патувам и да запознавам нови луѓе, а токму преку Академијата за дигитален маркетинг запознав многу нови личности полни со ентузијазам кои ме инспирираат секојдневно да вложувам во себе и во своето знаење.

Својата кариера ја започна веднаш по завршувањето на Академијата, во компанијата Eventive. Честитки! Што те натера да ја избереш оваа професија? Зошто баш дигитален маркетинг?

Ти благодарам на честитката! Brainster ми помогна процесот на вработување да биде многу лесен и брз!
Од секогаш сум сметала дека креативноста е супер начин на кој можеш да си ги искажеш своите размислувања и чувства! И покрај тоа што ќе дипломирам со насока Сметководство и ревизија, се одлучив да го сменам кариерниот пат и да побарам кул неформални студии кои ќе ме насочат конечно да бидам среќна и да го работам тоа што од секогаш ме интересирало, тоа што се менува секој ден, каде нема правилно или погрешно и каде што на креативноста  се става огромен акцент. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи?  Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Иако поради целата ситуација со пандемијата работењето е најчесто од дома, сѐ се одвива супер. Тимот го сочинуваат млади ентузијасти и многу посветени луѓе кои ми помагаат да се вклопам во нивниот ритам секојдневно. Сега за сега правам маркетинг стратегии за клиенти на кои компанијата EVENTIVE ќе им води маркетинг, а бидејќи и завршниот проект oд Brainster беше конкретно тоа, ме подготви навистина добро како за прво работно искуство!

 

Три зборови што ја опишуваат Анастасија?
Мноогу одговорна, секогаш на време и расположена за дружби!

 

Кој е најголемиот предизвик со кој што се соочи на Академијата?

Дефинитивно тоа беше Хакатонот кој нѐ научи да работиме под притисок. Бидејќи требаше за 48 часа заедно со мојот тим да изработиме нов бренд from scratch.

 

Најбитна лекција што ја научи на Академијата?

Мислам дека сите се значајни подеднакво, но како број еден ќе ги издвојам предавањата за Маркетинг инката и како да ги движиме потрошувачите низ неа. 

 

За време на Академијата работеше на неколку реални проекти, PR стратегија за Бучен Козјак, пишување статии за TheRecursive и Nea.mk. Како реалните проекти ти помогнаа низ целиот процес на учење?

Реалните проекти беа од огромна помош бидејќи бевме оставени сами да комуницираме со клиентите, да го оствариме тоа што тие го имаат замислено и многу повеќе. До ден денес ги користам некои tips and tricks што ги научив од моите колеги со кои работев во тимовите.

За крај – твојта порака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

Од мене имаат совет да бидете одлучни, да ги следите своите соништа, да се запишете и да научите тоа што во денешно време е најбарано! Тимот на Brainster навистина ќе се погрижи да научите многу, да си ги проширите конекциите во маркетинг светот и мислам дека ќе ви биде одлично искуство како што ми беше и мене!  

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.