Овој месец, славиме четири години од почетоците на првата група на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster!  Години кои поминаа многу брзо, исполнети со успеси, смеа, предизвици, многу реални проекти, амбициозни студенти, кариерни трансформации и многубројни вработувања.

Со цел да дознаеме каде се наоѓаат нашите студенти денес и како  Академијата им помогнала да ја најдат работата од соништата, решивме да се навратиме назад и да ги прашаме нашите први студенти, за нивните студентски денови, за искуството и своето кариерно патување. 

Како еден од најдобрите студенти кој покажа голем успех и знаење, од првата група на Академијата за дигитален маркетинг е Јана Крстевска. Нејзиното кариерно патување започна токму во Brainster, со голема желба за промена на кариера, па сѐ до нејзината нова позиција денес, како Marketing Associate во Шпаркасе Банка.


Си поразговаравме со Јана каде се наоѓа денес – четири години по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг

 

Здраво Јана 🙂 Претстави се на идните студенти и раскажи ни нешто повеќе за себе.

Упорна, креативна, колоритна и насмеана. Природно зависна од естетика и убави нешта, со фокус на детали.
Од секогаш ме интересирал креативниот и творечкиот процес, па мислев дека ќе се пронајдам на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Истовремено работев, студирав и одев на пракса, па низ годините сфатив дека всушност тоа што го студирам – не ме исполнува доволно. По природа сум динамична и не можев многу да се пронајдам во улогата на човек кој по цели денови седи и црта. Ми требаше нешто со побрзо темпо, контакт со луѓе, а сепак да можам да се изразам креативно. Така станав Chandler Bing (Friends) и за кратко од тогаш  ја променив кариерата. 

 

Беше дел од првата група на Академијата за дигитален маркетинг пред 4 години. Се сеќаваш ли какви беа твоите студентски денови? Што ти остана како најголема меморија?

Иако беше пред 4 години сѐ уште добро се сеќавам како набрзина се случуваа сите промени. Сѐ започна со една оналјн апликација, по која набрзо бев контактирана. Почетокот беше буквално како да сум прваче, наеднаш во училишна клупа покрај нови лица кои подоцна станаа пријатели и тимови кои заедно работеа на сите реални задачи и проекти. Програмата течеше брзо, иако беше прва Академија за дигитален маркетинг, беа опфатени баш сите потребни информации кои треба да ги има еден почетник како отскочна даска кон новите почетоци. На кратко, многу нови информации, контакти, смеење и по некоја пијачка со групата и предавачите. 

 

Поминаа 4 години, што работи сега Јана? Дали успеа да ја пронајде работата од соништата? И што сѐ беше потребно за да стигне до овде?

Јана сега работи во Шпаркасе Банка како Marketing Associate. На почеток, маркетингот беше нов свет, но сега се чувствувам како да сум го работела ова отсекогаш. Силната желба за промени и упорност заедно со малата помош од ѕвездите го направија мојот пат кон новата успешна кариера малку полесен. Како што би рекол Пауло Коелјо: „Кога сакате нешто, целиот универзум се залага за да ви помогне да го постигнете тоа.”

 

Имаш интересно искуство зад себе, можеш ли да ни кажеш на кои работни позиции имаш работено и кој беше твојот кариерен пат?

Кариерниот пат започна во 2017г. како практикант во Brainster. По само неколку месеци се вработив во Ovation BBDO – креативна маркетинг агенција, каде работев како copywriter, па преминав во Social Media Account. Од секоја работна позиција и од секаде добивав одлично искуство кое ме доведе до работната позиција каде што сум сега. 

 

Моментално работиш како Marketing Associate во Шпаркасе, раскажи ни нешто повеќе за твоето работо место. Кои се твоите задачи и одговорности? 

Дневно подобрување на влијанието врз начинот на којшто брендот се чувствува и доживува на пазарот преку целиот опсег на комуникација на Банката. Работам на развој на нови маркетинг кампањи, организирање големи настани и прес конференции, односи со јавност, буџети… секојдневно различни активности. Најинтересното искуство до сега ми беше развој на производ, еден од моите омилени, Шпаркасе вибер чет асистентот Sparky преку кој може да се закаже онлајн состанок. 

 

Како успеваш да се соочиш со предизвиците кои што произлегуваат од твојата секојдневна работа?

Нови предизвици има секојдневно, особено поради самиот процес на спојување на две банки на кој работиме сега (Шпаркасе Банка и Охридска банка) во време на пандемија. Но, мојата склоност кон емпатија и добрата комуникација ме води кон побрзо и подобро решавање на проблемите и предизвиците.

 

На кој начин Академијата за дигитален маркетинг ти помогна да стигнеш до тука и да успееш во она што го работиш?

Академијата за дигитален маркетинг ми даде стабилна основа на целото мое искуство и знаење. Ракета кон ѕвездите, а на мене останува како ќе ја управувам. ☺ 

 

Кој е твојот совет за сите оние кои што сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Да бидат храбри во одлуката за промени и нови почетоци. Да веруваат во себе! Со одлучност, многу работа и позитивна мисла можат да направат чекор до промени до тоа што го посакуваат. 

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.