Сакајќи да ги скршиме митовите околу одредени работни места, решивме да прашаме луѓе од различни индустрии да ни кажат од прва рака што нè очекува при изборот на одредена професија.
Во оваа серија текстови „I love my job“ разговараме со успешни дизајн, маркетинг, бизнис, IT и Data Science професионалци за да добиеме појасни insights за нивната работа.
Овојпат за соговорник ја имаме Сандра Тутуреска, UX/UI дизајнер во Polare Cape.
Твоја дефиниција на работната позиција?
На оваа позиција сум уште некој месец и веќе 10 години и можам да кажам дека секојдневно учам и се надградувам и мислам дека никогаш не може да сe каже дека сè знаеш, бидејќи овој свет е многу динамичен и секојдневно излегуваат нови технологии и нови алатки.
Работната позиција UX/UI дизајн, првично добра комуникација со клиентот, за да се добие sense за неговите очекувања и барања, како и за неговата дефиниција за успешен финален продукт. Следната фаза, која што е суштинска, е многу добар research, како за клиентот, така и за компетитивните продукти, индустријата за која што треба да е наменет продуктот на кој што треба да се работи, за кој тип на корисници е наменет и сето тоа за да се постигне реализирање на бизнис идејата. После успешен research, следи дизајн на mockup-и, односно wireframe-и, кои што најчесто го дефинираат текот на процесот на софтверот. По одобрување на mockup-ите од страна на клиентот, следат предлог дизајни и откако клиентот ќе избере еден од предложените дизајни, се преминува на процесот на development, односно имплементација.
Работни обврски?
Олеснителната околност во мојата ситуација е што ја имам скоро секогаш, воедно позицијата на UX и UI дизајнер при работата на некој софтвер.
Како UX дизајнер, сум мостот помеѓу клиентот и BA (Business Analyst). Односно, треба најдобро да го имам разработено целиот процес за текот на апликацијата/продуктот, односно јасен приказ на wireframe-ите и task flow базирани на потребите на корисникот. Соработката со UI дизајнерите и девелоперите е многу важна во креирањето на интуитивен user-friendly софтвер. Како UI дизајнер, работам на предлог дизајните со решенија кои треба да се најлесни за корисникот, за да може да го користи софтверот.
Пат како да стигнеш до позицијата?
Персоналниот развој е секогаш индивидуален. Благодарна сум што уште кога почнував имав добри ментори, кои што ме снабдија со убава литература, ми дадоја добри насоки, ми посочија на што треба да обрнам внимание за да се изградам како успешен дизајнер. Со тие насоки се водев и понатаму, како и литературата која е достапна онлајн, искуството кое го добивам низ годините во комуникација со клиентите и тимовите со кои што работам, споделување на знаења, прифаќање на критики и секогаш отвореноста за помагање и барање помош. Патот до успехот е секогаш напорна работа.
Skillset кој треба да го поседуваш?
Отсекогаш сум ја сакала креативната работа и иако програмирањето беше она што студирав на Природно математичкиот факултет, сепак мојата креативна страна победи, како и комуникативноста која што доста ми помага со клиентите, како и со тимовите. Секако, тука е и способноста за работа под притисок, односно трката со deadline-и и решавање на комплексни проблеми со оптимални решенија, како и јасно поставување на насоки.
Опсег на плата што може се очекува?
Ова е секогаш индивидуално прашање и сметам дека тука е умешноста да се „самопродадеш”.
Како може да напредуваш на позицијата?
Напорна работа, професионален пристап, професионално надоградување, тимска работа, градење на добра култура во компанијата и константно учење на нови работи и секојдневно следење на нови технологии.
Дознај повеќе за можностите за почеток на кариера како UX/UI дизајнер ОВДЕ.