Запознај го Влатко Тучев – Dream Team студент на Академијата за Leadership & Management за јуни 2024.  

Мојата позадина е…

Имам тригодишно искуство во областа на податоците (Data Science), каде што главно се занимавам со ETL процеси (Extract, Transform and Load), визуелизација на податоци, автоматизација на процеси и континуирaно подобрување на ефикасноста на нашите оперативни тимови. Главна алатка за визуелизација на податоци ми е Power BI, додека за автоматизации користам програмски јазик како Python.

Областа ја избрав затоа што…

Од неодамна станав лидер на тимот, па инспирацијата директно произлегува од тоа да му овозможам динамична околина на мојот тим и простор за иновирање и прифаќање на идеи. Грижата за колегите беше директна инспирација за да се запишам на Академијата за Leadership and Management, за да ги усовршам овие вештини и да се осигурам дека мојот тим ќе напредува континуирано.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Најважното нешто што го научив е: „За да промениш нешто кон подобро, прв чекор би ти бил да почнеш од себе“. Самите ние сме двигатели на личниот успех, но, и за успехот на оние околу нас, нашиот тим. 

Најгорд сум на…

На првиот чекор за да се запишам на на оваа академија. 

Мојот омилен модул е…

Иако сите модули беа интересни и вредни на свој начин, лично би издвоил два модули: Personal Leadership и Business and Data Analytics for Executives. Personal Leadership ми беше омилен поради големата интеракција со различни тимови и фокусот на персоналниот раст, што според мене е клучно за секој лидер. Business and Data Analytics for Executives го издвојувам затоа што работам во оваа индустрија.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Сите инструктори беа максимално посветени и спремни да нѐ направат подобри лидери. 

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

При организирање и менаџирање на проекти, преземање поголеми иницијативи, отстранување на заостанатите бариери за слободна комуникација и зголемена свесност при управување со тимот.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Да го направите првиот чекор на промена за подобро, да се грижите секогаш за оние околу вас и да ја создадете најдобрата верзија од себе.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Leadership & Mangement


Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА