Запознај ја Фросина Гогоска – Dream Team студент од Академијата за Leadership & Management за мај 2024.

Мојата позадина е…

Веќе 8 години работам во компанијата, каде што моето прво работно место беше правник со главен домен на работа административниот дел на работните односи, бидејќи имам завршено Правен факултет. Подоцна се разви сектор за човечки ресурси со многу поразличен и зголемен обем на работа и моментално сум на позиција Менаџер за човечки ресурси.

Областа ја избрав затоа што…

Моќта која што секторот човечки ресурси ја има да ја придвижи компанијата во постигнување и надминување на целите, и секако адреналинот кој што доаѓаат при секојдневната работа со луѓе.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Лекцијата за Blind spots со Даниел Богнер.

Најгорда сум на…

Горда сум на 5+ оценките добиени за домашните од модулот Business and Data Analytics кој што ми беше целосно непозната материја.

Мојот омилен модул е…

Не би можела да издвојам помеѓу модулите Personal Leadership со Даниел Богнер и Organizational Leadership со Јоанис Папаконстантину. Personal Leadership модулот ми помогна да ги унапредам лидерските вештини кои што ги поседувам и да развијам нови. А преку модулот Organizational Leadership Јоанис Папаконстантину успешно ни беа доловени новините со кои што се соочуваме во организациите и начини за нивно менаџирање.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Дефинитивно Даниел Богнер!

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Успеа да ми ги прошири хоризонтите на планирање и креирање на цели.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Подгответе се за влог кој што сега ќе ве чини време, но во иднина ќе ви се врати дупло. Искористете го времето со професорите за максимално да исцрпите знаење од нив.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Leadership & Management!