Често се наоѓаш во муабет за тоа како програмерите добро заработуваат и многу полесно наоѓаат работа? Се воодушевуваш од тоа што го прават, но сѐ уште не можеш да собереш храброст и да се одлучиш да тргнеш по тој пат?
Искрено, тешко е да одлучиш што е подобро – работата што отсекогаш ја сакаше или сигурност и добра плата. Можеби тоа што описот на работата во Tech индустријата е неверојатно кул, може да направи тоа да ти биде работа од соништата? Се додека се тешиш себеси со тоа дека немаш време, веќе си се убеди дека ќе го поминеш останатиот дел од животот завидувајќи им на пријателите кои работат со технологија само затоа што го немаш образованието кое го имаат тие. Во IT ера не смееш и не треба да дозволиш изборот кој го направи на 18 години да го диктира твојот живот и кариера.
Ако не можеш да ја препознаеш желбата во себеси, провери ја листата која ја составивме.
Избор на факултет
Не студираше компјутерски науки? Не мора! „Грешниот“ избор на студии не само што не смее да ги ограничи твоите можности и соништа, туку напротив може да биде твоја голема предност, затоа што ти овозможува свежа перспектива и широк спектар на знаење! Можеш да почнеш да учиш во секое време, потребен ти е само компјутер и интернет. Тоа одамна го имаш – сега треба да го искористиш најпаметно што можеш.
Креативност
Поудобно се чувствуваш во пишување на добри приказни отколку во кодирање? Супер. Немој да мислиш дека традиционална маркетинг компанија е единственото соодветното место за тебе каде ќе можеш да го искористиш својот потенцијал. Маркетингот одамна се движи кон дигитализација и наоѓање на оригинални решенија и кретивни начини за нивна имплементација. Со други зборови креативноста е добар показател за твојата соодветност во Tech индустријата! Можеш да бидеш визуелен дизајнер, менаџер на креативен тим и content writer за tech компании.
Комуникативност
Лесно се вклучуваш во дискусии, даваш свои мислења на актуелни теми или едноставно добро ти оди комуникација со луѓе. Пријателите ти се обраќаат за мислење за некои нивни презентации или написи за на веб-страна. Комуникативноста не само што е добредојдена вештина, туку е неопходна. Секоја Тech компанија има потреба од некој кој вешто ќе му го претстави на светот тоа што го работи. Разгледај огласи за вработување во Тech компании на позиции како Copywriter и PR.
Се надеваме дека овие неколку работи ќе ти бидат од помош. 21 век е доба на енормен развој на технологијата, па на тебе останува да бидеш во чекор со сѐ!
Разгледај ги Академиите и курсевите на Brainster!
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, нова кариера, работни услови, работни позиции, програмер, компјутерски науки, технологија.