Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.
Обично го бираш кафичот со повеќе гужва, нели? Пред да купиш нешто слушаш препораки од пријатели? Така и во онлајн светот.
Спроведен е социјален експеримент кој покажува дека луѓето реагираат и веруваат на туѓото искуство. Еден човек гледал во празно небо неколку минути и само мал дел од минувачите застанале да погледнат. Наредниот ден ставиле 5 лица да гледаат во небото, повеќе случајни минувачи застанале и погледнале. На крај ставиле 15 луѓе да гледаат во празно небо и дури 45% од минувачите застанале да погледнат.
И покрај тоа што сме индивидуални суштества, сакаме да знаеме какви одлуки и искуства имаат останатите. Добрата работа е тоа што ова можеш одлично да го искористиш во твојата маркетинг стратегија!
Во оваа лекција ќе се фокусираме на најдобрите примери за social proof, кои ќе ти помогнат да ја кренеш твојата стапка на конверзија.
Оценки (reviews)
80% од потрошувачите читаат оцени пред да го купат производот или услугата. Исто толкав голем процент на луѓе, исто им веруваат на оцените на социјалните мрежи како што им веруваат на нивните пријатели и роднини.
P.S: Знаеш дека твоите reviews на Google и Facebook дополнително влијаат и на твоето SEO? 🙂
Testimonials
Сподели го искуството на твоите задоволни клиенти, на твојот сајт или лендинг страна и стекни доверба кај твоите потенцијални клиенти. Сведоштвата се толку моќни поради нивната објективност, а поголем ефект ќе постигнеш ако адресираат некој специфичен проблем кој знаеш дека твојата публика го има.
Продажни статистики и бројки;
Еден број – илјада зборови! Пофали се со твоите резултати! Број на услужени клиенти, број на преостанати ваучери, број на задоволни корисници. Нагласи ја популарноста на твојата содржина (колку пати е споделена, колку пати е прочитана). Објави case study или инфографик каде преку броеви го покажуваш растот и твојата публика ќе има до знаење дека веќе имаш искуство.
Be responsive
Секогаш одговарај на твоите пораки на Фејсбук, без разлика дали е викенд или си на плажа. Фејсбук ќе те награди со зелен знак на твојата страна и тоа ќе ги поттикне заинтересираните да ти пишат, знаејќи дека ќе добијат одговор веднаш.