Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

“Planning is bringing the future into the present so that you can do something about it now”

Знаеш дека мора да имаш маркетинг стратегија. Ајде да видиме кои се чекорите што ќе те донесат до твојата content маркетинг стратегија. Не, не вклучува ‘попуст маркетинг’ и ‘купи!купи!купи!’ комуникација.

Раскажи ја твојата приказна

Пред да започнеш да правиш било каква маркетинг старатегија размисли што е тоа, што нѐ поврзува сите нас. Без разлика дали си претприемач, продавач, дизајнер или архитект – треба да ја раскажеш твојата приказна. Storytelling e еден од начините за градење на твојот бизнис и начин да оставаш вистински импакт на публиката. Dollar Shave Club одлично ја раскажуваат својата приказна!

Што сакаш да постигнеш со твојата содржина

Почни од најлесното – документирај ги твоите бизнис активности, производ, тим и простории. Опиши ги твоите турнеи, визуализирај ја твојата идеја, опиши ги твоите размислувања, прослави ги твоите победи и амбиции – online. Зборувај за работите кои се најважни за тебе и твојот бизнис.

Можностите за креирање на content се бесконечни. Различни луѓе ги привлекува различна содржина: блогирање, инфографици, темплејти, e-книги, external content и секако видеа. Одбери го она што одговара на твојата таргет група и комуницирај ја твојата порака. Не заборавај дека со различна содржина, постигнуваш различни цели.

Фотографии

Фотографиите не им одземаат многу време на корисниците, а може да остават одличен впечаток. При градењето на твојот бренд можеш да вклучиш цела секција со фотографии. Кога ќе имаш прилика да направиш повеќе добри фотографии не ги објавувај сите одеднаш. Направи стратегија како да ги искористиш на долг рок, за да ја држиш публиката ангажирана подолг временски период.

(Извор: Reborn)

Блогирање

Компанискиот блог ќе ги донесе љубопитните кај тебе – оние што сакаат да прочитаат и да знаат се. Текстовите кои ќе ги пишуваш мора да се на највисоко можно ниво, сепак мораш да се докажеш како експерт во твојата индустрија. Конзистентен, квалитетен блог може да ти донесе лидови, конверзии, спомнувања на социјални мрежи па дури и virality.

Инфографици

Луѓето едноставно сакаат графици. 90% од информациите пренесени на човечкиот мозок се визуелни. 40% од луѓето повеќе одговараат на визуелни информации отколку на текст. Инфографиците ти овозможуваат да спакуваш голем број на информации на лесен и интересен начин. Поголема е веројатноста да биде споделен твојот инфографик отколку само обично известување.

Видео

И тука повторно се повикуваме на визуализација. Потребно е помалку време за да изгледаш видео, отколку да прочиташ текст. Со видео, за кратко време можеш да кажеш се. Така можеш да го доловиш вистинскиот момент и да раскажеш добра приказна што ќе побуди интерес кај твојата публика. Или, на крајот на секое видео можеш да вклучиш call to action и да ги испратиш корисниците на твојот веб сајт. Еве добар примeр  за видео content:

Е-книги

Можеби звучи малку застрашувачи на прв поглед, но е-книгите се одличен магнет за генерирање на лидови. Може да бидат долги од 5 до 50 страници, но она што е важно е дека треба да понудат решенија и примери, а не само констатации. Запомни дека добрите книги секогаш се препорачуваат.  Ние ти ја препорачуваме оваа: BAMF Biblе. 

Go the extra mile for the great content

Размислувај out of the box. Секогаш треба да креираш добар content кој не е поврзан со твоите секојдневни активности, а ќе биде интересен и ќе привлече внимание. Сподели информации од познат блог или интересно мотивациско видео, направи истражување со случајни минувачи и сподели ги нивните изјави. Вака ќе се поврзеш со твоите потрошувачи без да им го форсираш твојот бренд, а сепак да им понудиш релеванитни информации.idei za kontent marketing(Извор: Reborn)

Планирај!

Што ако ти кажеме дека некои компани планираат content дури две години однапред? Мислиш дека ти не можеш да го направиш тоа? Потребно е многу време, организација и креативност за да се создаде квалитетена маркетинг стратегија, но искуствата покажуваат дека не е невозможно да се подготви план за цела година. Следи ги чекорите, истражи ги ресурсите и фати се за работа. Сигурно не сакаш да дојдат следните новогодишните празници, а ти да немаш подготвено добри фотографии од снег и сијалички.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.